Јован 14:1-31

14  „Нека не се вознемирува вашето срце.+ Верувајте во Бог+ и верувајте во мене!+  Во куќата на мојот Татко има многу живеалишта.+ Да не беше така, ќе ви кажев. А сега одам да ви приготвам место.+  А кога ќе појдам и ќе ви приготвам место, повторно ќе дојдам+ и ќе ве примам во својот дом,+ за да бидете и вие таму каде што сум јас.+  А до таму каде што одам јас, го знаете патот.“  Тогаш Тома+ му рече: „Господару, не знаеме каде одиш.+ Од каде да го знаеме патот?“  Исус му рече: „Јас сум патот+ и вистината+ и животот.+ Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене.+  Да ме познававте мене, ќе го познававте и мојот Татко. Отсега го познавате и сте го виделе“.+  А Филип му рече: „Господару, покажи ни го Таткото, и тоа ни е доволно!“  Исус му одговори: „Толку време сум со вас, а ти Филипе, уште не си ме запознал? Кој ме видел мене, го видел и Таткото.+ Како можеш да кажеш: ‚Покажи ни го Таткото‘?+ 10  Зар не веруваш дека јас сум во единство со Таткото и дека Таткото е во единство со мене?+ Она што ви го зборувам јас, не го зборувам сам од себе, туку Таткото, кој останува во единство со мене, ги врши своите дела.+ 11  Верувајте ми дека јас сум во единство со Таткото и дека Таткото е во единство со мене. Ако не верувате, верувајте поради самите дела.+ 12  Вистина, вистина, ви велам, кој верува во мене, ќе ги прави делата што ги правам јас. Ќе прави и поголеми+ дела од овие, бидејќи јас си одам кај Таткото.+ 13  И, за што и да замолите во мое име, тоа ќе го направам, за да се прослави Таткото во Синот.+ 14  Ако замолите за нешто во мое име, тоа ќе го направам. 15  Ако ме сакате, ќе ги држите моите заповеди.+ 16  И јас ќе го замолам Таткото, и тој ќе ви даде друг помошник* за да биде со вас засекогаш,+ 17  духот на вистината,+ кого светот не може да го прими,+ бидејќи не го гледа и не го познава. А вие го познавате, бидејќи останува кај вас и во вас е.+ 18  Нема да ве оставам како сираци.+ Ќе дојдам кај вас. 19  Уште малку и светот повеќе нема да ме види,+ но вие ќе ме видите,+ бидејќи јас живеам, а и вие ќе живеете.+ 20  Во оној ден ќе спознаете дека јас сум во единство со мојот Татко, и вие во единство со мене, и јас во единство со вас.+ 21  Кој ги има моите заповеди и ги држи, тој ме сака.+ А кој ме сака мене, него ќе го сака и мојот Татко, и јас ќе го сакам и ќе му се објавам“. 22  Тогаш Јуда,+ но не Искариот, му рече: „Господару, зошто имаш намера да ни се објавиш нам, а не на светот?“+ 23  Исус му одговори: „Ако некој ме сака, ќе ја држи мојата реч,+ и мојот Татко ќе го сака, и ќе дојдеме кај него и ќе живееме со него.+ 24  Кој не ме сака, не ја држи мојата реч, а речта што ја слушате не е моја, туку е од Таткото, кој ме испрати.+ 25  Ова ви го зборував додека бев со вас. 26  А помошникот,* светиот дух, кого Таткото ќе го испрати во мое име, тој ќе ве поучи за сѐ и ќе ве потсети на сѐ што сум ви кажал.+ 27  Мир ви оставам, мирот свој ви го давам.+ Не ви го дадов онака како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се плаши! 28  Чувте дека ви реков: ‚Си одам и ќе се вратам кај вас‘. Ако ме сакате, ќе се радувате што си заминувам кај Таткото, зашто Таткото е поголем+ од мене. 29  Сега ви го кажувам тоа пред да се случи,+ за да можете да верувате тогаш кога ќе се случи. 30  Нема веќе многу да зборувам со вас, зашто доаѓа владетелот+ на светот. Тој нема власт над мене,+ 31  но јас правам така како што ми заповеда Таткото,+ за да знае светот дека го сакам Таткото. Станете, да одиме одовде!

Фусноти

Или: „утешител“.
Или: „утешителот“.