Јован 17:1-26

17  Исус го кажа ова, ги подигна очите кон небото+ и рече: „Татко, дојде часот! Прослави го својот син, за да те прослави синот тебе,+  па со власта што му ја даде над сите луѓе+ да им даде вечен живот+ на сите што му ги даде.+  А за да добијат вечен живот,+ треба добро да те запознаат*+ тебе, единствениот вистински Бог,+ и оној кого го испрати, Исус Христос.+  Јас те прославив+ тебе на земјата, довршувајќи го делото што ми го даде да го извршам.+  А сега ти, Татко, прослави ме мене кај себе со славата што ја имав кај тебе пред да настане светот.+  Им го објавив твоето име на луѓето што ми ги даде од светот.+ Твои беа, а ти ми ги даде мене, и тие ја држеа твојата реч.  Сега спознаа дека од тебе е сѐ што ми даде.  Зашто, зборовите што ми ги даде мене, јас им ги дадов ним,+ и тие ги примија и навистина спознаа дека излегов како твој застапник,+ па поверуваа дека ти ме испрати.+  Јас молам за нив. Не молам за светот,+ туку за оние што ми ги даде, бидејќи се твои, 10  а сѐ што е мое, твое е, и твоето е мое,+ и јас се прославив меѓу нив. 11  Јас веќе не сум во светот, но тие се во светот,+ а јас доаѓам кај тебе. Свети Татко, чувај ги+ заради своето име, кое ми го даде, за да бидат едно, исто како нас.+ 12  Кога бев со нив, јас ги чував+ заради твоето име, кое ми го даде. И ги зачував, и ниту еден од нив не пропадна,+ освен синот на пропаста,+ за да се исполни Писмото.+ 13  Но сега доаѓам кај тебе, и ова го зборувам во светот за да се исполнат со мојата радост.+ 14  Јас им ја предадов твојата реч, а светот ги замрази,+ бидејќи не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот.+ 15  Не те молам да ги земеш од светот, туку да ги зачуваш од Злобниот.+ 16  Тие не се дел од светот,+ како што и јас не сум дел од светот.+ 17  Посвети+ ги со вистината! Твојата реч+ е вистина.+ 18  Како што ти мене ме испрати во светот, така и јас нив ги испратив во светот.+ 19  Се посветувам себеси за нив, и тие да бидат посветени+ со вистината. 20  Не те молам само за нив, туку и за оние што ќе поверуваат во мене преку нивната реч,+ 21  за да бидат сите едно,+ како што ти си, Татко, во единство со мене и јас во единство со тебе,+ и тие да бидат во единство со нас,+ за да верува светот дека ти ме испрати.+ 22  И им ја дадов славата што ми ја даде ти мене, за да бидат едно, како што сме ние едно,+ 23  јас во единство со нив и ти во единство со мене, за да бидат совршено обединети,+ за да спознае светот дека ти ме испрати и дека ги сакаш и нив како што ме сакаш мене. 24  Татко, сакам и оние што ми ги даде да бидат со мене, таму каде што сум јас,+ за да ја гледаат мојата слава што ми ја даде ти, зашто ме сакаше пред создавањето+ на светот.+ 25  Праведен+ Татко, светот не те запозна,+ но јас те запознав, а овие спознаа дека ти ме испрати.+ 26  И им го објавив твоето име+ и ќе го објавувам, за љубовта со која ме сакаше ти да биде во нив и јас во единство со нив“.+

Фусноти

Или: „треба да те запознаваат“ — грчкиот глагол е во несвршен вид, а под тоа се подразбира трајно дејство.