Јован 5:1-47

5  По овие случки, Евреите имаа празник+ и Исус отиде во Ерусалим.  А во Ерусалим, кај Овчата Порта,+ има едно езерце со пет тремови, кое на хебрејски се вика Витезда.  Во нив лежеа мноштво болни, слепи, сакати и такви што имаа исушени делови од телото.  *——  Таму имаше еден човек, кој боледувал од својата болест триесет и осум години.  Кога го виде овој човек како лежи, а знаеше дека веќе долго време е болен,+ Исус го праша: „Сакаш ли да оздравиш?“+  Болниот му одговори: „Господине, нема кој да ме спушти во езерцето кога водата ќе се разбранува, па додека јас да дојдам, друг веќе слегол пред мене“.  А Исус му рече: „Стани, земи си ја носилката и оди!“+  И човекот веднаш оздраве, па ја крена својата носилка и почна да оди. А тој ден беше сабота.*+ 10  Затоа Евреите му велаа на излекуваниот: „Сабота е, и не ти е дозволено+ да ја носиш носилката“. 11  Но тој им одговори: „Оној што ме оздраве ми рече: ‚Земи си ја носилката и оди!‘ “ 12  Тие го прашаа: „Кој е тој човек што ти рекол: ‚Земи ја и оди‘?“ 13  Но излекуваниот не знаеше кој е тој, зашто Исус се тргна поради мноштвото што се наоѓаше таму. 14  Потоа Исус го најде во храмот и му рече: „Ете, оздраве. Немој повеќе да грешиш за да не ти се случи нешто полошо“. 15  И човекот отиде и им рече на Евреите дека Исус е тој што го оздраве. 16  Поради тоа Евреите почнаа да го обвинуваат+ Исус, бидејќи такво нешто направи во сабота. 17  А Исус им одговори: „Мојот Татко работи сѐ досега, па и јас работам“.+ 18  Затоа Евреите, уште повеќе бараа поволен момент да го убијат,+ бидејќи не само што ја кршеше саботата туку и Бог го нарекуваше свој Татко,+ изедначувајќи+ се со Бог. 19  Затоа Исус им рече: „Вистина, вистина, ви велам, Синот не може да направи ништо сам од себе, туку само она што гледа дека Таткото го прави.+ Зашто, што и да прави Тој, тоа го прави и Синот на ист начин. 20  Зашто, Таткото го сака Синот+ и му покажува сѐ што прави самиот. Ќе му покаже дела поголеми од овие, за да се восхитувате вие.+ 21  Зашто, како што Таткото ги подигнува мртвите и ги оживува+ така и Синот ги оживува оние, кои што сака.+ 22  Зашто, Таткото не суди никому, туку сиот суд му го довери на Синот+ 23  за сите да го почитуваат Синот+ како што го почитуваат Таткото. Кој не го почитува Синот, не го почитува ни Таткото, кој го испрати.+ 24  Вистина, вистина, ви велам, кој ја слуша мојата реч и му верува на оној што ме испрати, има вечен живот,+ и не доаѓа на суд, туку преминал од смрт во живот.+ 25  Вистина, вистина, ви велам, доаѓа часот, и веќе е тука, кога мртвите+ ќе го чујат гласот+ на Синот Божји, и оние што ќе послушаат, ќе живеат.+ 26  Зашто, како што Таткото има живот во себе+ така и на Синот му даде да има живот во себе.+ 27  И му даде власт да суди,+ бидејќи е Син човечки.+ 28  Не чудете се на ова, зашто доаѓа часот во кој сите оние што се во гробовите*+ ќе го чујат неговиот глас 29  и ќе излезат — оние што правеле добро, за воскресение за живот,+ а оние што правеле зло, за воскресение за осуда.+ 30  Јас не можам ништо да правам сам од себе — како што слушам така судам, и мојот суд е праведен,+ зашто не ја барам својата волја, туку волјата на оној што ме испрати.+ 31  Ако само јас сведочам+ за себе, моето сведоштво не е вистинито.+ 32  Има друг кој сведочи за мене, и знам дека е вистинито сведоштвото што го дава+ за мене. 33  Вие испративте луѓе кај Јован, и тој посведочи за вистината.+ 34  Но мене не ми треба сведоштво од човек, туку ова го велам за да бидете спасени вие.+ 35  Јован беше светилка која гори и свети, а вие сакавте само кратко да ѝ се радувате на неговата светлина.+ 36  Но јас имам сведоштво поголемо од Јовановото, зашто делата што мојот Татко ми ги даде да ги извршам, самите тие дела што ги вршам+ сведочат за мене дека Таткото ме испрати. 37  И Таткото, кој ме испрати, самиот посведочи за мене.+ Вие никогаш не сте го чуле неговиот глас, ниту сте го виделе неговиот лик,+ 38  а неговата реч не останува во вас, зашто не му верувате на оној кого тој го испрати. 39  Вие ги истражувате Писмата,+ зашто мислите дека со нивна помош ќе имате вечен живот, и токму тие сведочат за мене.+ 40  Но вие не сакате да дојдете кај мене за да имате живот.+ 41  Јас не прифаќам слава од луѓе,+ 42  туку добро знам дека вие во себе немате љубов кон Бог.+ 43  Јас дојдов во името на својот Татко,+ но вие не ме примате. Ако некој друг дојде во свое име, него ќе го примите. 44  Како може да верувате, кога прифаќате слава+ еден од друг, а не ја барате славата што доаѓа од единствениот Бог?+ 45  Немојте да мислите дека ќе ве обвинам пред Таткото. Има кој да ве обвинува, Мојсеј,+ на кого вие се надевате. 46  Зашто, да му верувавте на Мојсеј, ќе ми верувавте и мене, бидејќи тој пишуваше за мене.+ 47  Но ако не им верувате на неговите списи,+ како ќе им верувате на моите зборови?“

Фусноти

Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „спомен-гробовите“.