Јов 11:1-20

11  Тогаш одговори Софар од Наама:+   „Зарем ќе останат без одговор мноштвото зборови?Зарем ќе има право фалбаџијата?   Зарем твоите празни зборови ќе ги замолкнат луѓето?Зарем ќе се потсмеваш, без некој да те прекори?+   Ти велиш: ‚Мојата поука е чиста,+чист сум+ во твоите очи‘.   Но, камо да проговореше Боги да ги отвореше своите усни за да ти се обрати!+   Тој ќе ти ги кажеше тајните на мудроста,зашто мудроста* се открива на многу начини.И ќе сознаеше дека Бог ги предава на заборавот некои твои престапи.+   Можеш ли да ги сфатиш Божјите длабочини?+Можеш ли да ги сфатиш границите на Семоќниот?   Таа мудрост е повисока од небото. Можеш ли да дофатиш нешто од тоа?Подлабока е од гробот.*+ Можеш ли да сфатиш нешто од тоа?   Кога ќе се измери, подолга е од земјата,поширока е од морето. 10  Ако помине и ако предаде некого в затвор,па свика суд, кој може да му се спротивстави? 11  Зашто, тој добро ги познава луѓето што се полни со невистини.+Кога ќе види зло, нема ли да му обрне внимание? 12  И празноглавиот човек ќе стане паметенкога дивото магаре ќе се роди како човек. 13  А ти, подготви го срцетои во молитва рашири ги рацете кон него!+ 14  И ако ти се најде во раката некакво зло, отфрли го,и неправдата нека не престојува во твоите шатори! 15  Зашто, тогаш ќе го подигнеш своето справедливо лице,+ќе бидеш цврст и нема да се плашиш. 16  Зашто, ти ќе ја заборавиш неволјата,во твоето сеќавање таа ќе ти биде како вода што истекла. 17  И животниот век+ ќе ти биде посјаен и од пладнето,темнината ќе стане како утрото.+ 18  Мирно ќе ја чекаш иднината, зашто ќе имаш надеж,и ќе го набљудуваш сето она што е твое околу тебе — ќе си легнуваш спокоен.+ 19  Ќе се испружиш и никој нема да те плаши.Мнозина ќе сакаат да те орасположат.+ 20  На злите ќе им угаснат очите,+нивното прибежиште ќе исчезне,+нивна единствена надеж ќе биде: да им издивне душата“.+

Фусноти

Или: „делотворната (практична, применлива) мудрост“.
Буквално: „шеолот“.