Јов 16:1-22
16 Тогаш Јов одговори:
2 „Слушнав многу слични работи.Сите вие сте мачни тешители!+
3 Има ли крај на зборовите празни како ветар?+Од каде таа горчина која те тера да одговараш?
4 И јас би можел да зборувам како вас.Камо да беа вашите души на местото на мојата душа!Мислите ли дека тогаш и јас ќе ви се нафрлев со сјајни зборови+и ќе нишав со главата полн со презир кон вас?+
5 Јас ќе ве зајакнев со зборовите на својата уста+и утехата од моите усни ќе донесеше олеснување...
6 Ако зборувам, болката не попушта,+а ако престанам, ќе ми помине ли?
7 Но, сега Бог ме измори,+ги фрли во пропаст сите што се собираа околу мене.
8 А освен тоа и ме зграпчи. За тоа сведочи+мојата испиеност која подига глас против мене. Пред мои очи сведочи против мене.
9 Божјиот гнев ме распарчува, Бог негува непријателство кон мене.+Против мене чкрта со забите.+Мојот противник сека со очите против мене.+
10 Ширум ги раззинуваат устите против мене,+ме удираат по образите со потсмев,во голем број се собираат против мене.+
11 Бог ме предава на деца,ме фрла во рацете на зли луѓе.+
12 Мирно живеев, а тој ме растресе,+ме фати за врат и ме скрши,и ме постави на нишан.
13 Неговите стрелци+ ме опколија,тој ги прободува моите бубрези+ и нема сочувство,ми ја истура на земја жолчката.
14 Ме пробива и пробива како некој ѕид,како јунак се нафрла на мене.+
15 Сошив козина+ преку својата кожа,својот рог го зарив во правта.+
16 Лицето ми поцрвене од плачење,+на веѓите имам густа темнина,+
17 иако нема зло во моите рацеи мојата молитва е чиста.+
18 Земјо, немој да ја покриеш мојата крв!+Нека не стивне моето викање!
19 И сега, еве, на небесата е оној што сведочи за мене,мојот сведок е во висините.+
20 Моите пријатели ме застапуваат, а зборуваат против мене;+моето око без сон гледа кон Бог.+
21 Треба да се одлучи помеѓу човек и Бог,како и помеѓу синот човечки и неговиот ближен.+
22 Зашто, преостанаа уште малку години,и ќе тргнам на пат од кој нема да се вратам.+