Јов 18:1-21
18 Тогаш Вилдад од Суј одговори:
2 „Кога ќе им ставите* крај на своите зборови?Вразумете се, па да зборуваме!
3 Зошто да нѐ сметаат за животни,+па да бидеме нечисти во ваши очи?
4 Во својот гнев си ја раскинуваш душата.Зарем заради тебе ќе опустее земјатаи карпата ќе се премести од своето место?
5 Ќе угасне светлината на злиот+и нема да свети искрата на неговиот оган.
6 Светлината во неговиот шатор ќе потемни+и светилката во неговиот шатор ќе угасне.
7 Неговите пргави чекори ќе бидат сопрени.Неговите замисли ќе го урнат.+
8 Зашто, неговата нога ќе го одведе во мрежа,тој ќе влезе во испреплетени јажиња.+
9 Стапица ќе го фати за петицата,+замка+ ќе го стегне.
10 Скриена јамка го демне на земјатаи стапица го чека на неговата патека.
11 Ненадејни стравотии+ го плашат отсекадеи го прогонуваат во чекор.
12 Глад ја проголтува неговата сила,пропаста+ само чека да му ги спрепне нозете.
13 Најсмртоносна болест* ќе му ја јаде кожата,ќе му ги изеде рацете и нозете.
14 Неговата доверба ќе ја истргнат од неговиот шатор,+стравотиите ќе го одведат кај царот на стравотиите.
15 Во неговиот шатор ќе се населат оние што не се негови,неговото живеалиште ќе биде посипано со сулфур.+
16 Одоздола ќе му се исушат корењата,+а одозгора ќе му овенат гранките.
17 И споменот за него ќе исчезне од земјата,+и ќе нема име по улиците.
18 Ќе го турнат од светлина во темнинаи ќе го истераат од плодната почва.
19 Ќе нема ни потомок ни рожба во својот народ,+ќе нема преживеан на местото каде што живее.
20 Во денот на неговата неволја, луѓето на запад ќе гледаат запрепастено,и од страв ќе затреперат луѓето на исток.
21 Ете, тоа се шаторите на злосторникот,тоа е живеалиштето на оној што не го познава Бог“.
Фусноти
^ Користејќи множина, Вилдад веројатно мисли на Јов и на оние што се како него, или имаат наклоност кон него.
^ Буквално: „Првородениот на смртта“.