Јов 22:1-30

22  Тогаш Елифаз од Теман одговори:   „Има ли Бог некаква корист од човекот?+Има ли тој некаква корист од разборитиот човек?   Зар се радува Семоќниот затоа што си праведен+и зар има добивка од тоа што живееш непорочно?+   Зар ќе те прекори поради твојата богобојазливост,зар ќе се суди со тебе?+   Зар сега не е веќе преголема твојата злоба+и зар им нема крај на твоите престапи?   Зашто, од своите браќа земаш залог без причина+и им ја соблекуваш облеката на голи луѓе.   Не му даваш вода на уморниот,му го скратуваш лебот на гладниот.+   Земјата му припаѓа на моќниот човек,+оној што има повластици ужива на неа.   Вдовиците ги отпушташе со празни раце,скршени им се рацете на децата без татко.+ 10  Затоа има птичарски замки насекаде околу тебе+и ненадеен страв те обзема, 11  темнина те опкружува, па не гледаш,надојдени води те покриваат. 12  Не е ли Бог висок како небото?+Погледни ги ѕвездите, сите нив на број,+ колку се високо! 13  А ти велиш: ‚Што знае Бог?Може ли да суди низ густа темнина? 14  Облаците се негово скривалиште, па не гледа,тој оди по небесниот свод‘. 15  Зар ќе се држиш за древниот патпо кој одат злите, 16  кои се зграпчени пред да им дојде времето,+чии темели+ се разлеваат како река, 17  и кои на вистинскиот Бог му велат: ‚Остави нѐ!+Што може да ни направи Семоќниот?‘ 18  А тој им ги наполни куќите со добри работи.+Намерите на злите се далеку од мене.+ 19  Праведниците ќе ја видат нивната пропаст и ќе се радуваат,+невин човек ќе им се подбива: 20  ‚Навистина се истребени нашите противници,а она што остана од нив, оган ќе го проголта‘. 21  Те молам, запознај го Бог и биди во мир,па ќе ти биде добро! 22  Те молам, прифати го законот од неговата уста,стави ги неговите зборови во своето срце!+ 23  Ако се вратиш кај Семоќниот,+ ќе се подигнеш од своите урнатини.Ако ја задржиш неправдата далеку од својот шатор, 24  ако фрлиш во правот скапоцена руда*и офирско злато+ меѓу камењето во долината, 25  Семоќниот ќе стане твоја скапоцена рудаи твое најдобро сребро.+ 26  Зашто, тогаш Семоќниот ќе биде твојата радост,+и кон Бог ќе го подигнеш своето лице.+ 27  Ќе му се молиш, и тој ќе те ислуша,+а ти ќе ги исполниш своите завети.+ 28  Што и да одлучиш, тоа ќе ти се оствари,и светлина ќе ги осветли твоите патишта.+ 29  Зашто, ако зборуваш вообразено, ќе доживееш понижување.+А оној што понизно го спушта погледот, него ќе го спаси.+ 30  Тој ќе го избави невиниот човек.+И ти ќе бидеш избавен поради чистотата на своите раце“.+

Фусноти

Или: „златна руда“.