Јов 24:1-25

24  Зошто не одредил Семоќниот времиња за суд?+Зошто не ги гледаат деновите на неговиот суд оние што го познаваат?+   Луѓе поместуваат меѓи,+ограбуваат стада, па ги пасат.   На детето без татко му го одведуваат магарето,на вдовицата ѝ го земаат бикот како залог.+   Ги туркаат од патот сиромасите,+земните страдалници тогаш се кријат.   Гледај, како зебри+ во дивиназаминуваат на работа, барајќи храна.Пустелијата му дава на секого од нив леб за децата.   Во полето собираат храна за стоката,набрзина го ограбуваат лозјето на злобниот.   Голи се, ноќеваат без облека,+немаат со што да се покријат кога е студено.+   Киснат на планинскиот пороен дожд,немаат засолниште,+ па се прилепуваат до карпа.   Детето што нема татко го одвојуваат од мајчините гради,+како залог го земаат она што страдалникот го има на себе.+ 10  Страдалниците се голи, одат без облека,гладни се, а носат ожнеани класје.+ 11  Меѓу камени ѕидови во полето* тие го минуваат пладнето,газат грозје во гмечало, а остануваат жедни.+ 12  Од градот се слуша офкањето на оние што умираат,а душите на смртно ранетите викаат за помош,+но на Бог не му е грижа за тоа.+ 13  Злите се бунат против светлината,+не ги познаваат нејзините патиштаи не одат по нејзините патеки. 14  В зори станува убиецоти ги убива страдалникот и сиромавиот,+а ноќе е крадец.+ 15  Окото на прељубникот+ го чека самракот,+и вели: ‚Ничие око нема да ме види!‘+И со покривало си го крие лицето. 16  Во темница крадците провалуваат во куќите,а дење се заклучуваат.Не знаат за светлината+ на денот. 17  Зашто, за злите уторото е исто како што е густата темнина+ за другите,бидејќи знаат какви се ненадејните стравотии што ги носи густата темнина. 18  Водите брзо ги однесуваат злите.Проклет ќе биде нивниот посед на земјата.+Нема повеќе да одат во своите лозја. 19  Како што сушата и жегата ги голтаат снежните води,така и гробот* ги голта грешниците!+ 20  Мајчината утроба ќе го заборави грешникот, црвите слатко ќе го изедат,+никој повеќе нема да се сеќава на него.+А неправдата ќе се скрши како стебло.+ 21  Тој гиба неплодна жена, која не раѓа,и вдовица,+ на која не ѝ прави добро. 22  Но Бог ќе ги отстрани насилниците со својата сила.Злосторникот ќе стане и нема да биде сигурен дали ќе остане жив. 23  Бог ќе му допушти да се чувствува сигурен+ и да се потпира на себе,но неговите очи ќе ги посматраат патиштата на злите.+ 24  Се креваат за кратко, а потоа ги снемува,+се рушат.+ Окосени се како и сите други,отсечени се како класје. 25  Тогаш, кој ќе ме прогласи за лажливец,или ќе ја претвори мојата реч во ништо?“

Фусноти

Или: „ѕидовите на терасовидните ниви“.
Буквално: „шеолот“.