Јов 3:1-26

3  Потоа Јов ја отвори устата и почна да го проколнува денот кога се родил.+  Јов рече:   „Да го немаше денот во кој се родив+и ноќта во која рекоа: ‚Се зачна човек!‘   Да се претвори во темнина тој ден!Да не погледне Бог на него одозгора,да не го осветли светлината на денот!   Да го проголтаат мракот и густата темнина!Да се надвие над него дождлив облак!Да го застрашува она што го помрачува денот!+   Мракот да ја земе таа ноќ,+да не се радува меѓу дните на годината,да не се вброи во месеците!*   Бесплодна да биде таа ноќ,да не се чујат во неа радосни извици!+   Да го проколнат тој ден оние што проколнуваат денови,кои би го разбудиле и левијатанот!*+   Да потемнат ѕвездите на нејзиното разденување,да чека светлина и да не ја дочека,и да не ги види зраците на зората, 10  зашто не ја затвори вратата од утробата+ на мајка мии не ми ја скри неволјата од пред очи! 11  Зошто не умрев уште во утробата на мајка ми?+Зошто не издивнав излегувајќи од нејзината утроба? 12  Зошто ме прифатија коленатаи градите+ за да цицам? 13  Сега ќе лежев и ќе бев во мир,+ќе спиев, ќе почивав+ 14  со царевите и со советниците на земјата,+кои градат за себе места,+ сега лежат во урнатини, 15  или со кнезовите што имаа злато,кои ги полнат своите куќи со сребро, 16  или ќе ме немаше како скриен пометнат плод,+како деца што не виделе светлина.+ 17  Таму злите престануваат да беснеат,+таму почиваат оние што ги напуштила силата.+ 18  Таму сите затвореници се во мир,не го слушаат гласот на оној што ги тера на работа.+ 19  Таму малиот и големиот се исти,+робот е слободен од својот господар. 20  Зошто му дава Бог светлина на страдалникоти им дарува живот на оние што имаат горчина во душата?+ 21  Зошто чекаат смрт, а неа ја нема,+иако ја бараат повеќе отколку скриено богатство? 22  Оние што ликуваат од веселбасе радуваат што нашле гроб. 23  Зошто му дава Бог светлина на човекот кому патот му е скриен,+кому патот од сите страни му го заградил?+ 24  Пред моето јадење, доаѓа мојата воздишка,+и како вода се разлеваат моите крикови,+ 25  оти ужасот кој ме плашеше, ме снаоѓа,она од кое се плашев доаѓа врз мене.+ 26  Уште сега не сум безгрижен и немам мир,и не почивам, а мојот немир и понатаму доаѓа“.

Фусноти

Или: „лунарните месеци“. Спореди го додатокот 14.
Изразот најверојатно се однесува на крокодилот или на некое големо морско животно.