Јов 36:1-33

36  Потоа Елиу рече:   „Биди стрплив уште малку со мене, и јас ќе ти покажамдека треба уште нешто да се каже за Бог.   Опширно ќе го изнесам своето знаењеи ќе покажам дека мојот Творец е праведен.+   Зашто, моите зборови навистина не се лага.Со тебе е Оној што има совршено знаење.+   Гледај, Бог е моќен+ и тој нема да отфрли човек,силен е во разборитоста на своето срце.   Нема да го остави жив злобниот,+туку ќе им даде правда на страдалниците.+   Тој нема да го тргне погледот од праведникот,+ќе постави цареви на престолот+ засекогаш,и ќе бидат возвишени.   Ако луѓето се врзани со синџири,+јажињата на неволјата ќе ги ограничуваат.   Тогаш тој ќе им ги спомне нивните делаи нивните престапи, затоа што се вообразени. 10  Увото ќе им се отвори за да ја чујат опомената+и ќе им каже да се одвратат од зло.+ 11  Ако послушаат и ако почнат да му служат,нивните денови ќе завршат во доброи нивните години во задоволство.+ 12  Но, ако не послушаат, ќе умрат+ од стрела+без да научат нешто. 13  А оние што имаат отпадничко срце, ќе натрупуваат гнев.+Нема да молат за помош кога тој ќе ги врзе. 14  Нивната душа ќе умре во младоста,+животот ќе им згасне меѓу машките храмски блудници.+ 15  А тој ќе го избави страдалникот од неговата неволјаи ќе му го отвори увото кога е во мака, за да го поучи. 16  Ќе те избави од устата на неволјата!+Наместо во неа да бидеш стеснет, ќе бидеш на пространо место,+и на твојата трпеза ќе има изобилство+ утеха. 17  Ќе се нагледаш на пресудите што ги добиваат злите;+пресудата и правдата ќе се поддржат. 18  Затоа внимавај бесот+ да не те наведе да плескаш со рацете пакоснои големата откупнина+ нека не те заведе. 19  Ќе биде ли услишен твојот повик за помош?+ Не, нема да те избави од неволјатадури ни целиот твој голем труд.+ 20  Не воздивнувај за ноќта,кога луѓето заминуваат на починка. 21  Внимавај да не скршнеш во зло,+зашто си го одбрал него наместо неволјата.+ 22  Гледај, Бог постапува возвишено во својата сила!Има ли учител како него? 23  Кој го повикал на одговорност поради неговите дела+и кој му рекол: ‚Си постапил неправедно‘?+ 24  Сети се дека треба да ги величаш неговите дела+за кои пеат+ луѓето. 25  Целиот човечки род ги набљудува,смртниот човек оддалеку ги гледа.+ 26  Гледај, Бог е многу повозвишен отколку што можеме да сфатиме,+не може да се истражи бројот на неговите години.+ 27  Зашто, тој ги црпи капките вода во висините,+па тие се цедат одозгора како дожд и како негова магла, 28  и тогаш облаците капат,+се излеваат врз луѓето изобилно. 29  Навистина, кој може да ги разбере посланите облаци,татнежот од неговиот шатор?+ 30  Гледај, над него ја распростира својата светлина+и го покрива морското дно. 31  Со тоа тој ги брани народите,+и дава храна во изобилство.+ 32  Во своите раце ја крие молњатаи ѝ заповеда да го удри напаѓачот.+ 33  Неговиот татнеж+ раскажува за него,а и стоката — за оној што доаѓа над нив.

Фусноти