Јов 39:1-30

39  Знаеш ли кога им е времето на планинските кози да се окозат+ по карпите?Набљудуваш ли кога срните во болки ги раѓаат младенчињата?+   Ги броиш ли месеците* додека носати знаеш ли кога е времето да се породат?   Се свиткуваат тогаш кога ги раѓаат младенчињата,кога се ослободуваат од болките.   Младенчињата зајакнуваат, растат во полето,заминуваат и не се враќаат кај нив.   Кој ја пуштил зебрата+ на слободаи кој му ја разврзал врвката на дивото магаре,   чија куќа ја подигнав во пустелијата,и чие живеалиште го подигнав во солениот крај?+   Тоа ѝ се смее на градската врева,не го слуша викањето на оној што сака да го фати.+   Пребарува по планините за да најде нешто за пасење+и бара секакви зелени растенија.+   Ќе сака ли дивиот бик да ти служи+и ќе сака ли да ја помине ноќта крај твоите јасли? 10  Ќе го врзеш ли со јажиња дивиот бик за браздаи ќе сака ли да ги браносува+ нивите по тебе? 11  Ќе имаш ли доверба во него затоа што му е голема силатаи ќе му ја препуштиш ли својата работа? 12  Ќе имаш ли доверба во него дека ќе ти го собере житотои дека ќе ти го дотера на гумно? 13  Мавта ли женката на нојот радосно со крилјатаи има ли таа пердуви за летање и други пердуви какви што има штркот?+ 14  На земја ги остава јајцата,во правот ги грее, 15  и заборава дека може нечија нога да ги здробиили некоја полска ѕверка да ги згази. 16  Со своите пилци постапува немилосрдно, како да не се нејзини.+Залуден ќе биде нејзиниот труд ако не трепери над нив. 17  Зашто, Бог ѝ дал да ја заборави мудростаи не ја надарил со разборитост.+ 18  А кога ќе замавне високо со крилјата,му се смее на коњот и на неговиот јавач. 19  Можеш ли да му дадеш сила на коњот?+Можеш ли да му го облечеш вратот со лелеава грива? 20  Можеш ли да направиш да скока како скакулец?Застрашувачко е неговото горделиво фучење.+ 21  Со копитото удира+ по рамницата и целиот се растреперил од својата сила,се нафрла на оружје.+ 22  Му се смее на стравот и не се плаши,+и пред меч не се повлекува. 23  Над него ѕвечи тулот,сечилото на копјето и на сулицата. 24  Со топот, полн со немир, тој ги голта пространствата,и од радост не може да поверува дека го слуша звукот на рогот. 25  Штом ќе се огласи рогот, тој за’ржува: ‚Иха!‘Оддалеку ги намирисува битката,викањето на заповедниците и воените извици.+ 26  Зар поради твојата мудрост се вивнува соколот во височинаи ги шири крилјата кон јужниот ветар? 27  Зар на твоја наредба се крева орелот+ нагореи го вие своето гнездо на високо,+ 28  па на стрмна карпа живее и ноќева,на врвот од стрмна карпа, на непристапно место? 29  Оттаму бара храна,+неговите очи гледаат далеку. 30  Неговите пилци пијат крв.Каде што има трупови, таму е и тој“.+

Фусноти

Или: „лунарните месеци“. Спореди го додатокот 14.