Јов 7:1-21

7  Зарем смртниот човек не е на земјата на принудна работа?+Не се ли неговите денови како дните на наемник?+   Како роб воздивнува по сенка,+како наемник ја чека својата плата.+   Така ми се дадени мене безвредни месеци,*+одредени ми се мачни ноќи.+   Кога легнувам, велам: ‚Кога ќе станам?‘+Како што минува ноќта, се ситам со немир дури до мугрите.   Моето тело е облечено во црви+ и во грутки земен прав,+кожата ми е полна со красти и се распаѓа.+   Деновите ми минуваат побрзо+ и од совалката на ткајачот,завршуваат во безнадежност.+   Сети се дека мојот живот е само ветар,+дека моето око не ќе може повеќе да види добро.   Окото на оној што сега ме гледа, повеќе нема да ме гледа,твоите очи ќе бидат вперени во мене, но мене ќе ме нема.+   Како што облакот се растура и исчезнуватака и оној што заминува во гробот* нема да излезе.+ 10  Повеќе нема да се врати во својот дом,неговото место повеќе нема да го познае.+ 11  Затоа јас нема да ја воздржувам устата.Ќе зборувам во тегобата на својот дух,со горчина во духот ќе раскажувам за својот јад!+ 12  Зар сум море или морско чудовиште,та да поставуваш стража+ над мене? 13  Кога велам: ‚Моето легло ќе ме утеши,постелата ќе ми помогне да ја носам својата загриженост‘, 14  ти ме плашиш со соништа,ме ужасуваш со виденија, 15  мојата душа повеќе би сакала да се задуши,попрво би умрел+ отколку да си ги гледам овие мои коски. 16  Ми здодеа!+ Не сакам вака да живеам довека.Пушти ме, зашто моите денови се само здив.+ 17  Што е смртниот човек,+ та да го воспитуваши твоето срце да размислува за него 18  и да му обрнуваш внимание секое утро,да го искушуваш+ секој миг? 19  Зошто не го тргнеш погледот од мене+и не ме оставаш ниту плунката да си ја голтнам на мира? 20  Ако згрешам, како ќе ти наштетам со тоа тебе, о Ти, кој го набљудуваш човекот?+Зошто ме зеде на нишан, па ти станав товар? 21  Зошто не ми го простиш престапот+и не преминеш преку мојата вина?Зашто, сега ќе легнам во прав,+и ти ќе ме бараш, но мене ќе ме нема“.

Фусноти

Или: „лунарни месеци“. Спореди го додатокот 14.
Буквално: „шеолот“.