Јоил 1:1-20

1  Речта Јеховина што му дојде+ на Јоил, синот на Фатуил:  „Чујте го ова, старешини, и послушајте, сите вие жители на оваа земја!+ Дали се случило вакво нешто во вашите денови или во деновите на вашите прататковци?+  Раскажете им го тоа на своите синови, вашите синови нека им го раскажат на своите синови, а нивните синови — на следното поколение.+  Што остави гасеницата, го изеде скакулецот,+ што остави скакулецот, го изеде младиот бескрилен скакулец, а што остави младиот бескрилен скакулец, го изеде лебарката.+  Разбудете се, пијаници,+ и плачете! Плачете горко,+ сите вие винопијци, поради виното,*+ зашто ви е одземено од уста.+  Зашто, против мојата земја дојде народ моќен и безброен.+ Забите му се како заби на лав+ и има лавовски вилици.  Мојата лоза ја претвори во грозна глетка+ и од смоквата моја остави само пенушка.+ Ја соголи и ја фрли.+ Гранките ѝ побелеа.  Плачи, како што плаче девица опашана со козина+ за свршеникот* на својата младост.  Житните жртви+ и жртвите налевници+ исчезнаа од домот на Јехова. Свештениците, слуги+ на Јехова, тагуваат.+ 10  Ограбено е сѐ од полето,+ земјата тагува,+ зашто житото е ограбено, младото вино го нема,+ маслото го снема.+ 11  Земјоделците се посрамени,+ лозарите плачат горко поради пченицата и поради јачменот, зашто жетвата на полето пропадна.+ 12  Лозата се исуши и смоквата овена. Се исушија и калинката, и палмата и јаболкницата — сите дрвја во полето,+ зашто радоста побегна од човечките синови.+ 13  Препашете се, свештеници, и удирајте се в гради од тага!+ Плачете горко, слуги на жртвеникот!+ Дојдете, поминете ја ноќта во козина, слуги на мојот Бог! Зашто, од домот на вашиот Бог ги снема житните жртви+ и жртвите налевници.+ 14  Прогласете свет пост!+ Свикајте свечен собир!+ Соберете ги старешините и сите жители на оваа земја, во домот на Јехова, вашиот Бог,+ и викајте кон Јехова да ви помогне.+ 15  Леле, каков ден!+ Зашто, денот Јеховин е близу,+ доаѓа како опустошување од Семоќниот! 16  Зар не ни снема храна пред наши очи, радоста и веселбата од домот на нашиот Бог?+ 17  Сувите смокви изгнија под нивните лопати. Амбарите се опустошени. Плевните се урнати, зашто житото се исуши. 18  А добитокот воздивнува ли воздивнува! Колку збунето лутаат стадата говеда бидејќи нема што да пасат!+ И стадата овци ја трпат казната. 19  Кон тебе, Јехова, ќе викам+ бидејќи оган ги голтна пасиштата во пустелијата и пламен ги проголта сите дрвја во полето.+ 20  И полските ѕверови копнеат по тебе,+ зашто водните потоци пресушија+ и оган ги проголта пасиштата во пустелијата“.

Фусноти

Или: „слаткото вино“.
Буквално: „сопственикот (господарот)“.