Јоил 3:1-21

3  „Зашто, ете, во тие денови и во тоа време,+ кога ќе ги вратам заробениците на Јуда и Ерусалим,+  ќе ги соберам и сите народи+ и ќе ги доведам во долината на Јосафат,+ и таму ќе им судам поради мојот народ и наследство, Израел,+ кого го распрснаа меѓу народите, а мојата земја ја разделија.+  За мојот народ фрлаа ждрепка,+ момче даваа во замена за блудница,+ а девојче продаваа за вино, за да можат да пијат.  А вие, што имате вие со мене, Тире, Сидоне+ и сите вие филистејски+ краишта? Со вакви дела ли ми враќате? А ако вие постапувате така со мене, јас брзо и спремно ќе ви ги вратам вашите дела на ваша глава.+  Зашто, вие ми го зедовте среброто и златото,+ и моите драгоцени работи ги однесовте во вашите храмови,+  а синовите на Јуда и синовите на Ерусалим им ги продадовте+ на синовите на Грците*+ за да ги одведете далеку од нивниот крај.+  Еве, јас ги подигам за да се вратат од местото каде што ги продадовте,+ а вам ќе ви ги вратам на ваша глава вашите дела.+  Вашите синови и ќерки ќе им ги предадам* на синовите на Јуда,+ а тие ќе ги предадат на Савците,+ далечен народ,+ зашто Јехова рече така.  Објавете го ова меѓу народите:+ ‚Подгответе се за војна!* Подигнете ги јунаците!+ Нека пристапат! Нека дојдат сите војници!+ 10  Прековете ги своите плугови во мечеви и своите српови+ во копја. Кој е слаб, нека каже: „Силен сум!“+ 11  Помогнете си едни на други, дојдете, сите околни народи,+ и соберете се!‘ “+ О Јехова, нека слезат таму твоите силни воини!+ 12  „Нека станат народите и нека дојдат во долината на Јосафат,+ бидејќи таму ќе седнам за да им судам на сите околни народи.+ 13  Замавнете со српот,+ зашто жетвата е зрела.+ Дојдете, слезете, зашто винското гмечало се наполни.+ Од каците се прелева, зашто злобата нивна е голема.+ 14  Мноштва, мноштва се во долината на одлуката,+ зашто денот Јеховин е близу во долината на одлуката.+ 15  Сонцето и месечината ќе потемнат, а ѕвездите ќе го повлечат својот сјај.+ 16  Јехова ќе рикне од Сион како лав, од Ерусалим ќе го пушти својот глас.+ Небото и земјата ќе се затресат,+ но Јехова ќе биде прибежиште за својот народ+ и тврдина за синовите на Израел.+ 17  И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, вашиот Бог,+ кој живее на Сион, на својата света гора.+ А Ерусалим ќе биде свето место,+ и туѓинци повеќе нема да минуваат низ него.+ 18  И во тој ден од планините ќе капе вино,*+ по ридовите ќе тече млеко, а во сите речни корита на Јуда ќе тече вода. Од домот на Јехова ќе бликне извор+ и ќе ја напојува Долината Ситим.*+ 19  Египет ќе се претвори во пустош,+ а Едом во пустина, во гола пустелија,+ поради насилството над синовите на Јуда, во чија земја пролеаја невина крв.+ 20  А земјата на Јуда ќе биде населена довека+ и Ерусалим од поколение до поколение.+ 21  За невина ќе ја сметам нивната крв, која порано не ја сметав за невина.+ Јехова ќе живее на Сион.“+

Фусноти

Буквално: „синовите на Јаван“; односно „Јаванците“ или „Јонците“.
Буквално: „продадам“.
Буквално: „Посветете војна!“
Или: „слатко вино“.
Буквално: „Долината на акациите“. За изразот „долина“, види го додатокот 12.