Авакум 1:1-17

1  Објавата која пророкот Авакум ја виде во видение:  До кога, Јехова, ќе викам за помош, а ти нема да слушаш?+ До кога ќе те викам на помош поради насилството, а ти нема да спасиш?+  Зошто ме тераш да гледам зло и зошто гледаш неволја? Зошто се пљачката и насилството пред мене, зошто настануваат препирки и зошто избиваат караници?+  Затоа законот ја губи силата и правдата никогаш не излегува на видело.+ Бидејќи злите го опкружуваат праведникот, правдата се искривува.+  „Погледнете ги народите! Набљудувајте и гледајте се зачудено!+ Чудете се, зашто во ваши денови се извршува дело во кое не би поверувале дури и кога некој би ви зборувал за него!+  Зашто, еве, ги подигам Халдејците,+ народ суров и жесток, кој минува низ земните пространства за да си присвои живеалишта што не му припаѓаат.+  Страшен е и морничав. Неговата правда и неговото достоинство доаѓаат од самиот него.+  Неговите коњи се побрзи од леопарди и посвирепи од ноќните волци.+ Бојните коњи удираат со копитата по земјата и неговите бојни коњи доаѓаат оддалеку. Летаат како орел кога брзо се спушта врз пленот за да го голтне.+  Сиот тој народ доаѓа за да врши насилство.+ Надоаѓаат нивните лица силно како источен ветар+ и собираат заробеници како песок. 10  Тој народ се подбива со цареви, и им се потсмева на владетели.+ Тој му се смее на секое утврдено место,+ насипува земја и го освојува. 11  Во тоа време ќе профучи како ветар, ќе помине и ќе биде виновен.+ Таа сила му е од неговиот бог.“+ 12  Не си ли ти од дамнина, Јехова?+ Боже мој, Светецу мој, ти не умираш!+ Јехова, ти го одреди него за да изврши суд! Карпо,+ го постави да казнува!+ 13  Твоите очи се пречисти за да го гледаш злото, ти не можеш да гледаш неволја.+ Зошто ги гледаш оние што постапуваат предавнички+ и молчиш кога злобниот го проголтува поправедниот од себе?+ 14  И зошто ги правиш луѓето да бидат како рибите морски, како лазачите над кои не владее никој?+ 15  Непријателот ги извлекува сите нив со јадица,+ ги влече со својата мрежа, ги собира во својата рибарска мрежа.+ Затоа се радува и е весел.+ 16  Затоа ѝ принесува жртва на својата мрежа и ѝ гори приноси на својата рибарска мрежа, зашто тие му носат бирано јадење и здрава храна.+ 17  Ќе ја испразни ли поради тоа својата мрежа? Мора ли постојано да ги убива народите без милост?+

Фусноти