Авакум 2:1-20
2 На своето стражарско место ќе стојам+ и на бедемот ќе застанам. Ќе внимавам+ да видам што ќе каже преку мене+ и што ќе му одговорам кога ќе ме укори.+
2 И Јехова ми одговори: „Запиши го видението и читливо забележи го на плочки+ за читателот да може течно да го чита на глас.+
3 Зашто, тоа видение ќе се исполни во времето што е одредено за него.+ Видението брза кон крајот и нема да излаже. Дури и да се забави, чекај го, зашто бездруго ќе се исполни.+ Нема да задоцни.
4 Види го човекот кому душата му е надуена од гордост.+ Таа не е справедлива во него.* А праведникот ќе остане жив поради својата верност.+
5 Навистина, виното е измамничко,+ па човек се вообразува.+ Нема да ја достигне својата цел+ оној што својата душа ја шири како гроб,* кој е како смртта и не може да се насити.+ Кај себе ги собира сите народи и сите племиња.+
6 Зар нема сите тие да шират за него подбивни прикаски,*+ зајадливи забелешки и злобни измислици? И ќе речат:‚Тешко на оној што го умножува она што не е негово+ — до кога така?+ — и си натоварува долг!
7 Нема ли ненадејно да станат оние што бараат камата од тебе, и да се разбудат оние што силно те тресат, па да им станеш плен?+
8 Поради тоа што ограби многу народи, останатите од народот ќе те ограбат тебе,+ затоа што пролеваше човечка крв и вршеше насилство над земјата, над градот и над сите што живеат во него.+
9 Тешко на оној што на злобен начин стекнува добивка за својата куќа+ за да го постави своето гнездо на високо, за да се избави кога ќе го притисне злото.+
10 Си смислил срам за својата куќа, истребување на многу народи.+ Твојата душа греши.+
11 Зашто, каменот жалосно ќе вика од ѕидот и гредата ќе му одговара од покривот.+
12 Тешко на оној што гради град со крвопролевање и цврсто утврдува населба со неправда!+
13 Еве, не е ли од Јехова над војските тоа што народите се трудат само за оган и племињата напразно се изморуваат?+
14 Зашто, земјата ќе биде полна со знаење за Јеховината слава како што морето е полно со вода.+
15 Тешко на оној што им дава на своите ближни да пијат и на пијалакот му го додава својот бес и гнев за да ги опие,+ па да ја гледа нивната голотија.+
16 Ќе се наситиш со срам наместо со слава.+ Пиј и ти,+ и биди како необрежан!+ Чашата во Јеховината десница ќе се сврти кон тебе+ и срамот ќе дојде врз твојата слава.
17 Зашто, врз тебе ќе дојде насилството што му е направено на Ливан+ и колежот извршен над исплашените ѕверови, поради пролевањето на човечка крв и поради насилството што ѝ е направено на земјата,+ на градот и на сите што живеат во него.+
18 Од каква корист е режаниот лик+ откако ќе го изреже занаетчијата, леаната статуа и учителот што поучува лаги,+ па оној што го направил толку се надева на него+ што прави безвредни неми богови?+
19 Тешко на оној што на парчето дрво му вели: „Разбуди се!“ — и на немиот камен: „Стани!“ А тие велат: „Тој ќе поучува!“+ Гледај, обложени се со злато и сребро,+ но во нив нема никаков здив.+
20 А Јехова е во својот свет храм.+ Молчи пред него, цела земјо!‘ “+
Фусноти
^ Според Септуагинтата (LXX), првиот дел од стихот гласи: „Ако некој се повлече, не е по волја на мојата душа“. Види Ев 10:38.
^ Буквално: „шеол“.
^ Буквално: „изреки (пословици)“.