Авакум 3:1-19

3  Молитва на пророкот Авакум во вид на тажачка:  О Јехова, чув за сѐ што си направил.+ Се исплашив, Јехова, од твоите дела.+ Среде овие години, оживеј ги! Среде овие години, објави ги! Во гневот сети се да покажеш милосрдие!+  Бог дојде од Теман, Светецот пристигна од планината Фаран.+ (Села)*+ Славата негова ги покри небесата+ и земјата се исполни со неговата фалба.+  Неговиот сјај беше како сончевата светлина.+ Два зрака излегуваа од неговата рака, таму се криеше неговата сила.+  Пред него одеше помор,+ а силна треска одеше по него.+  Застана за да ја затресе земјата.+ Погледна, и народите се стресоа.+ Вечните планини се распаднаа,+ вековните ридови се снижија.+ Тоа се неговите патишта од дамнина.  Видов зло над хусанските шатори. Се затресоа+ шаторските платна во мадијамската земја.+  Јехова, дали твојот гнев беше против реките? Дали твојот гнев пламна против реките,+ или твојата јарост беше против морето?+ Зашто, ти јаваше на своите коњи,+ твоите коли донесоа спасение.+  Лакот твој е откриен и гол.+ Заклетвите на племињата се изречени.+ (Села) Со реки ја раздвои земјата.+ 10  Планините те видоа и тешки болки ги обзедоа.+ Поројни дождови навалија. Водната бездна го пушти својот глас.+ Високо ги крена своите раце. 11  Сонцето и месечината застанаа+ во своето возвишено живеалиште.+ Како светлина летаа твоите стрели.+ Блесокот на твоето копје даваше светлина.+ 12  Чекореше низ земјата носејќи осуда. Во гнев ги вршеше народите како да се жито.+ 13  Излезе за да го спасиш својот народ,+ за да го спасиш својот помазаник. Го сотре поглаварот од куќата на злобниот,+ а таа е уништена од темел до покрив.+ (Села) 14  Со неговите копја им ги прободе+ главите на неговите воини кога се спуштија како виор за да ме разбијат.+ Многу се радуваа, небаре ќе го голтнат несреќникот што е на скришно место.+ 15  Со своите коњи газеше низ морето, низ поројот од големи води.+ 16  Го чув тоа, и мојата утроба се вознемири. На тој звук затреперија моите усни, гнилеж ги зафати моите коски,+ и сето тоа ме вознемири. А јас, сепак, мирно ќе го чекам денот на неволјата,+ кога тој ќе дојде да го нападне народот.+ 17  Макар и смоквата да не процвета+ и да нема род на лозата, макар и маслинката да не даде род и нивите* да не даваат храна,+ макар и да ги снема овците од трлото и да нема говеда во оборите,+ 18  јас сепак ќе му се радувам на Јехова,+ ќе се веселам поради Богот на моето спасение.+ 19  Јехова, Севишниот Господар, е мојата сила,+ тој ќе ми даде нозе како на срна+ и ќе ми даде да одам по моите височинки.+За управителот, во придружба на моите жичени инструменти.

Фусноти

„Села“ — хебрејски израз кој се користел во музиката или при рецитација; точното значење не е познато.
Или: „терасите; терасовидните ниви“.