Агеј 1:1-15

1  Во втората година на цар Дариј,+ во шестиот месец, на првиот ден од тој месец, на Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ управител на Јуда,+ и на Исус,+ синот на Јоседек,+ првосвештеникот, преку пророкот Агеј+ им дојде Јеховината реч:  „Вака вели Јехова над војските:+ ‚Овој народ вели: „Уште не е дојдено времето, времето да се гради домот на Јехова“ ‘ “.+  А ова е Јеховината реч која дојде преку пророкот Агеј:  „Време ли е вие да живеете во своите куќи обложени со дрво,+ додека овој дом е пуст?+  И затоа сега вака вели Јехова над војските: ‚Размислете за своите патишта!+  Сеете многу, но жнеете малку.+ Јадете, но не можете да се наситите.+ Пиете, но не можете да се опиете. Се облекувате, но никој не може да се стопли. Наемникот си ја става платата во дупната торба‘ “.+  „Вака вели Јехова над војските: ‚Размислете за своите патишта!‘+  ‚Качете се на планината и донесете дрва.+ Изградете го домот+ за да му се радувам+ и да се прославам‘,+ вели Јехова.“  „ ,Очекувавте многу, а ете, добивте малку.+ Што внесовте во куќата, јас го дувнав.+ А зошто?‘+ — вели Јехова над војските. ‚Затоа што мојот дом е пуст, додека секој од вас трча само за својата куќа.+ 10  Поради тоа, небото над вас не ја дава својата роса и земјата не го дава својот плод.+ 11  И повикав суша на земјата, на планините, на житото, на младото вино,+ на маслото, на сѐ што раѓа земјата, на луѓето, на стоката, на секој труд на човечките раце.‘ “+ 12  И Зоровавел,+ синот на Салатиел, и Исус, синот на Јоседек,+ првосвештеникот, и сиот останат народ го послушаа гласот на Јехова, својот Бог,+ и зборовите на пророкот Агеј,+ кого им го испрати Јехова, нивниот Бог. И народот почна да се бои од Јехова.+ 13  А Агеј, Јеховиниот гласник,+ му рече на народот по налог на Јехова:+ „ ,Јас сум со вас‘,+ вели Јехова“. 14  И Јехова го побуди срцето*+ на Зоровавел, синот на Салатиел, управителот на Јуда, и срцето на Исус,+ синот на Јоседек, првосвештеникот, и срцето на сите останати од народот, и тие почнаа да доаѓаат и да ја вршат работата во домот на Јехова над војските, својот Бог.+ 15  Тоа беше на дваесет и четвртиот ден од шестиот месец, во втората година на цар Дариј.+

Фусноти

Буквално: „духот“.