Амос 3:1-15

3  „Чујте ја оваа реч што Јехова ја кажува за вас,+ синови Израелови, за целиот народ што го изведов од египетската земја:+  ‚Само вас ве познавав+ од сите народи на земјата.+ Затоа ќе побарам сметка од вас за сите ваши престапи.+  Одат ли двајца заедно ако најнапред не се договориле да се најдат?+  Рика ли лав во шума кога нема плен?+ Пушта ли млад лав глас од своето скривалиште ако не фатил ништо?  Паѓа ли птица во замка на земја ако нема стапица за неа?+ Се крева ли стапица од земја ако не се фати ништо во неа?  Ако се огласи рог во градот, нема ли луѓето да затреперат?+ Ако се случи несреќа во градот, зарем Јехова не го направил тоа?  Зашто, Севишниот Господар Јехова не прави ништо ако не им ги открие своите тајни на своите слуги, пророците.+  Лавот рика!+ Кој нема да се плаши? Севишниот Господар Јехова зборува! Кој нема да пророкува?‘+  ‚Разгласете по утврдените дворци во Азот и по утврдените дворци во египетската земја,+ и речете: „Соберете се против планините на Самарија+ и погледнете го големиот неред и угнетувањето во неа!+ 10  Не знаат да го прават она што е исправно“,+ вели Јехова, „оние што во своите утврдени дворци го натрупуваат она што го собрале со насилство+ и со грабеж“.‘ 11  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Противникот ја опколи земјата,+ па ќе ти ја одземе силата, а твоите утврдени дворци ќе бидат ограбени‘.+ 12  Вака вели Јехова: ‚Како што пастирот истргнува од устата на лав две потколеници или парче уво,+ така ќе бидат истргнати синовите Израелови кои седат во Самарија на раскошна постела+ и на дамаско легло‘.+ 13  ‚Чујте и посведочете+ во домот на Јаков‘, вели Севишниот Господар Јехова, Богот над војските. 14  ‚Зашто, во оној ден кога ќе се пресметам+ со Израел поради неговите престапи, ќе побарам сметка и од жртвениците во Ветил,+ роговите на жртвеникот ќе му бидат отсечени и ќе паднат на земја.+ 15  Ќе ги разурнам зимската куќа+ и летната куќа.‘+ ‚Ќе пропаднат куќите од слонова коска,+ и многу куќи ќе исчезнат‘,+ вели Јехова.“

Фусноти