Галатите 5:1-26
5 За таква слобода Христос нѐ ослободи.+ Затоа, бидете непоколебливи+ и не дозволувајте да бидете повторно впрегнати во јаремот на ропството.+
2 Еве, јас, Павле, ви велам: ако се обрежете,+ Христос нема ништо да ви користи.
3 И пак му сведочам на секој човек што се обрежува, дека е должен да го извршува целиот Закон.+
4 Одвоени сте од Христос, вие кои се обидувате да бидете прогласени за праведни преку законот,+ излеговте од закрилата на неговата незаслужена доброта.+
5 Зашто, ние преку духот желно ја очекуваме праведноста на која се надеваме, праведност која произлегува од верата.+
6 Зашто, во Христос Исус ниту обрежувањето има некаква вредност ниту необрежувањето,+ туку верата+ која преку дела се покажува во љубовта.+
7 Добро трчавте.+ Кој ве спречи да ѝ се покорувате на вистината?+
8 Таквото наговарање не е од оној што ве повикува.+
9 Малку квасец го потквасува целото тесто.+
10 Уверен сум+ дека вие што сте во единство+ со Господарот* нема да мислите поинаку. А оној што ве збунува,+ ќе биде осуден,+ кој и да е.
11 А ако јас, браќа, и понатаму проповедам обрежување, зошто тогаш и понатаму ме прогонуваат?+ Кога би го правел тоа, тогаш маченичкиот столб*+ повеќе не би бил камен за спрепнување.+
12 Камо да беа скопени+ оние што ве збунуваат!+
13 А вие, браќа, повикани сте на слобода.+ Само таа слобода нека не ви служи како поттик за грешното тело,+ туку со љубов робувајте си еден на друг.+
14 Зашто, целиот Закон се исполнува+ во една заповед: „Сакај го својот ближен како самиот себе“.+
15 Но, ако се гризете и се јадете еден со друг,+ гледајте да не се истребите еден со друг.+
16 Според тоа, ви велам: живејте* според духот,+ па нема да им угодувате на желбите на телото.+
17 Зашто, телото со своите желби му се противи на духот,+ а духот му се противи на телото. Навистина, тие се противат еден на друг, така што не го правите она што би сакале.+
18 А ако ве води духот,+ не сте под законот.+
19 А делата на телото се очигледни.+ Тоа се: блуд,+ нечистотија, бесрамност,+
20 идолопоклонство, гатање,*+ непријателства, караници, љубомора, изливи на гнев, судири, поделби, секти,
21 завист, пијанки,+ разуздани гозби и други слични работи. Тоа ви го кажувам однапред, како што веќе и ви реков, дека оние што прават такво нешто+ нема да го наследат Божјето царство.+
22 А плодовите+ на духот се: љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност,* доброта,*+ вера,
23 благост, самосовладување.+ Против тоа нема закон.+
24 А оние што му припаѓаат на Христос Исус го приковале на столб телото заедно со страстите и желбите на телото.+
25 Ако живееме според духот, да му дозволиме на духот да нѐ води.*+
26 Да не бидеме суетни, да не се натпреваруваме+ еден со друг, да не си завидуваме еден на друг.+
Фусноти
^ Види го додатокот 11.
^ Види го додатокот 8.
^ Буквално: „одете“.
^ Главната мисла на изворниот израз е да се заземаш за доброто на другите. На македонски може да се преведе и со поими како што се добродушност, добрина, чесност, пресретливост, услужливост, великодушност.
^ Изворниот израз се однесува на особина која е показател на моралните доблести на личноста. На македонски може да се преведе и со поими како што се добродушност, добронамерност, услужливост, чесност, љубезност.
^ Буквално: „и одиме по духот“.