Галатите 6:1-18
6 Браќа, ако некој ненамерно згреши,*+ вие кои сте духовни+ исправајте го таквиот во дух на благост,+ внимавајќи на себе+ и самите да не дојдете во искушение.+
2 Носете ги бремињата еден на друг,+ и така ќе го исполните законот Христов.+
3 Зашто, ако некој мисли дека е нешто, а не е ништо,+ самиот себеси се залажува.
4 Но секој нека го испита* своето дело,+ па ќе има причина за задоволство во самиот себе, а не споредувајќи се со други.+
5 Зашто, секој ќе го носи својот товар.+
6 И оној што е поучуван+ за Божјата реч нека ги дели сите добра+ што ги има со оној што го поучува.*+
7 Не залажувајте се:+ со Бог нема подигрување!+ Човек што ќе си посее, тоа и ќе си пожнее.+
8 Кој сее во своето тело, од телото ќе пожнее пропаст,+ а кој сее во духот,+ од духот ќе пожнее вечен живот.+
9 Затоа, да не се откажеме од правење добро,+ бидејќи, ако не се умориме, ќе жнееме кога ќе дојде време.+
10 Затоа, додека имаме можност за тоа,+ да им правиме добро на сите, а особено на своите браќа по вера.+
11 Погледнете со колку големи букви ви пишувам со своја рака!+
12 Сите што сакаат по тело да им угодат на другите, ве присилуваат да се обрежете,+ само за да не бидат прогонувани поради маченичкиот столб* на Христос,+ Исус.
13 Зашто, дури и оние што се обрежуваат, не го држат Законот,+ туку сакаат вие да се обрежувате за тие да се фалат со вашето тело.
14 А јас не сакам со ништо да се фалам, освен со маченичкиот столб+ на нашиот Господар* Исус Христос, преку кого светот е прикован на столб за мене+ и јас за светот.
15 Зашто, не е важно ниту обрежувањето ниту необрежувањето,+ туку новото создание.+
16 А на сите што ќе живеат* според ова правило, на нив нека бидат мирот и милосрдието — на Израелот Божји!+
17 Отсега никој повеќе да не ми прави неволји, зашто јас на своето тело ги носам жиговите+ кои покажуваат дека сум Исусов роб!+
18 Браќа, незаслужената доброта на нашиот Господар Исус Христос нека биде со вашиот дух!+ Амин.
Фусноти
^ Или: „ако некој згреши, а не е свесен за тоа“.
^ Или: „докаже“.
^ Буквално: „кој е усно поучуван... оној што усно го поучува“.
^ Види го додатокот 8.
^ Види го додатокот 11.
^ Буквално: „одат“.