Даниел 11:1-45

11  А јас, во првата година на Дариј Медиецот,+ станав за да му бидам сила и тврдина.  А сега ќе ти ја откријам вистината:+ „Еве, ќе станат уште три персиски цареви,+ и четвртиот+ ќе насобере повеќе богатство отколку сите други.+ И штом ќе се засили поради своето богатство, ќе подигне сѐ против грчкото царство.*+  Тогаш ќе се подигне силен цар, и ќе владее со голема власт+ и ќе прави сѐ по своја волја.+  А кога ќе се подигне,+ неговото царство ќе се разбие и ќе се раздели кон четирите небесни+ ветрови,*+ но не меѓу неговите потомци,+ и нема повеќе да има таква власт со каква што владееше тој, бидејќи неговото царство ќе биде откорнато од корен и предадено на други, а не ним.  Тогаш ќе се засили царот на југот, односно еден од неговите кнезови. Но оној што ќе го надвладее него, ќе завладее со голема власт и ќе има поголема моќ од неговата.  И по неколку години тие ќе се здружат, и ќерката на царот на југот ќе дојде кај царот на северот за да склучат рамноправна спогодба. Но таа нема да ја задржи силата на својата рака.+ Ни тој нема да се одржи, а ни неговата рака, туку ќе биде предадена и таа и оние што ја доведоа и нејзиниот родител и оној преку кого таа во тоа време ќе биде моќна.  Но еден подник+ од нејзиниот корен ќе се подигне на негово место, и ќе дојде кај војската, и ќе удри на тврдината на царот на северот, па ќе настапи против нив и ќе ги надвладее.  И ќе дојде во Египет со нивните богови,+ со нивните леани ликови, со нивните драгоцени предмети од сребро и злато и со заробеници. И неколку години ќе се држи понастрана од царот на северот.  А овој ќе влезе во царството на царот на југот, и ќе се врати во својата земја. 10  Но неговите синови ќе се подготват за војна и ќе соберат голема војска. И тој ќе дојде и незапирливо ќе напредува и ќе преплави сѐ и ќе помине. Ќе се врати, и ќе војува сѐ до тврдината што му припаѓа нему. 11  А царот на југот ќе се разгневи, ќе излезе и ќе се бори со него, со царот на северот. А овој ќе подигне големо мноштво, но тоа мноштво ќе биде предадено во раката на првиот.+ 12  И мноштвото ќе биде одведено. Неговото срце ќе се вообрази+ и тој ќе собори десетици илјади, но нема да ја искористи својата силна положба. 13  А царот на северот ќе се врати и ќе подигне мноштво поголемо од она првото. И по некое време, по неколку години, тој ќе дојде, и тоа со голема војска+ и со силна опрема.+ 14  И во тоа време мнозина ќе станат против царот на југот. И разбојничките синови од твојот народ ќе бидат наведени да се обидат да го исполнат видението,+ но ќе паднат.+ 15  И ќе дојде царот на северот, па ќе подигне опсаден насип+ и ќе го освои утврдениот град. И рацете на југот нема да одолеат, како ни неговите избрани луѓе. Ќе немаат сила да се спротивстават. 16  Оној што ќе дојде против него ќе прави што сака и никој нема да му се спротивстави. И ќе застане во земјата Убавина,+ и во неговата рака ќе има истребување.+ 17  И цврсто ќе реши да дојде со силата на целото свое царство, но со него ќе биде склучена рамноправна спогодба,+ и тој успешно ќе дејствува.+ И ќе му ја дадат ќерката за да ја упропасти. А таа нема да се одржи и нема да остане негова.+ 18  Тогаш ќе го сврти лицето кон приморските земји*+ и многу од нив ќе освои. Но еден заповедник ќе му стави крај на срамот што овој му го нанесува, така што срамотењата негови ќе ги нема повеќе. Ќе му го врати неговиот срам. 19  А овој ќе го сврти лицето назад кон тврдините на својата земја, и ќе се сопне и ќе падне, и ќе го нема повеќе.+ 20  И на негово место ќе се издигне оној+ што низ прекрасното царство ќе го испрати оној што собира данок,+ но за неколку дена ќе биде скршен, и тоа без гнев и без војување. 21  И на негово место ќе се издигне човек достоен за презир,+ кому нема да му се укаже царска чест. Тој ќе дојде во мирно време+ и ќе дојде до царството со ласкање.+ 22  А рацете+ што поплавуваат како порој ќе бидат поплавени и скршени пред него,+ како и+ Водачот+ на сојузот.+ 23  И бидејќи тие ќе се здружат со него, тој ќе мами, ќе се подигне и ќе стане моќен со помош на мал народ.+ 24  Во мирно време+ ќе влезе во најдобриот дел од покраината и ќе го прави она што не го правеле ниту неговите татковци ниту татковците на неговите татковци. Пленот, грабежот и богатството ќе ги подели меѓу нив, и ќе прави сплетки против утврдени места,+ но само за некое време. 25  И со голема војска ќе ја подигне својата сила и своето срце против царот на југот. А царот на југот ќе се подготви за војна со особено голема и моќна војска. Но нема да опстане, бидејќи против него ќе направат сплетки. 26  И оние што јадат на неговата маса ќе го доведат до пропаст. А неговата војска ќе биде однесена од поплава, и мнозина ќе паднат убиени. 27  И срцата на овие два цара ќе смислуваат зло, и на една маса+ ќе зборуваат лага.+ Но ништо нема да успее,+ бидејќи крајот ќе биде токму во времето одредено за тоа.+ 28  И тој ќе се врати во својата земја со големо богатство, и срцето ќе му биде против светиот сојуз.+ И успешно ќе дејствува+ и ќе се врати во својата земја. 29  Во времето што е одредено,+ тој пак ќе тргне и ќе појде против југот,+ но овојпат нема да биде како првиот пат. 30  Против него ќе дојдат китимските бродови,+ и тој ќе падне со духот. Но ќе се врати и ќе фрла обвиненија+ на светиот сојуз+ и успешно ќе дејствува. И ќе мора да се врати и ќе се спогоди со оние што го оставаат светиот сојуз. 31  И ќе станат рацете што тој ги испраќа, па ќе го осквернат светилиштето,+ тврдината, и ќе ја укинат секојдневната жртва.+ И ќе ја постават гадотијата+ која пустоши.+ 32  А тој со ласкави зборови+ ќе ги доведе до отпадништво+ оние што дејствуваат злобно против сојузот.+ Но народот што го познава својот Бог+ ќе надвладее+ и успешно ќе дејствува. 33  Оние од народот што се разборити*+ ќе поучуваат мнозина.+ Но неколку дена ќе паѓаат од меч и од пламен, од ропство и од грабежи.+ 34  А кога ќе паѓаат, ќе добијат мала помош,+ и мнозина ќе им се придружат лицемерно.+ 35  А некои од оние што се разборити ќе паѓаат+ за да бидат пречистени,* за да бидат очистени и избелени+ до времето на крајот,+ зашто тоа сѐ уште треба да се случи во времето што е одредено.+ 36  И царот ќе постапува како што ќе сака, ќе се возвишува и ќе се издига над секој бог,+ и против Богот над боговите+ ќе кажува зачудувачки зборови. И ќе биде успешен во она што ќе го прави додека потполно не се изврши осудата,+ зашто она што е одредено мора да се изврши. 37  Тој нема да се обѕира на Богот на своите татковци. Нема да се обѕира ниту на желбата на жените ниту на кој и да е друг бог, туку самиот себеси ќе се издигнува над сите.+ 38  А на своето место ќе го слави богот на тврдините. И богот кого неговите татковци не го познаваа ќе го слави со злато, со сребро, со скапоцени камења и со други драгоцености. 39  И со помош на туѓ бог успешно ќе дејствува против најсилните тврдини. Сите што ќе го признаат тој ќе ги опсипе со слава и ќе им даде да владеат над мнозина, и ќе ја дели земјата за одредена цена. 40  А во времето на крајот, царот на југот+ ќе се препира со него, и царот на северот ќе навали врз него со коли и коњаници и со многу бродови. И ќе навлезе во земјите, ќе ги преплави и ќе помине низ нив. 41  Ќе влезе+ и во земјата Убавина,+ и многу земји ќе паднат.+ Но од негова рака ќе се извлечат овие: Едом, Моав+ и најистакнатите синови на Амон. 42  И тој ќе посегнува со рака по земјите, и египетската+ земја нема да се извлече. 43  Тој ќе владее со скриените златни и сребрени богатства и со сите драгоцености на Египет. А Либијците и Етиопјаните ќе одат по неговите стапки. 44  Но ќе го вознемират+ вести од исток+ и од север, и ќе излезе многу гневен за да истреби и да погуби* мнозина.+ 45  И ќе ги постави своите дворски шатори меѓу големото море и светата гора на Убавината.+ Но, ќе му дојде крајот,+ и ќе нема кој да му помогне.+

Фусноти

Буквално: „јаванското“.
Или: „четирите страни на светот“.
Или: „кон островите“.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Буквално: „за да се изврши прочистување заради нив“.
Или: „и да погуби како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.