Евреите 13:1-25
13 Братската љубов и понатаму нека владее меѓу вас.+
2 Не заборавајте ја гостољубивоста+ зашто некои, покажувајќи ја, без да знаат нагостија ангели.+
3 Мислете на оние што се во окови+ како да сте и вие со нив оковани,+ и на оние што се малтретирани,+ зашто и самите уште сте во тело.
4 Бракот нека биде чесен меѓу сите и брачната постела нека биде чиста,+ зашто Бог ќе им суди на блудниците и на прељубниците.+
5 Во вашиот живот нека нема љубов кон парите,+ туку бидете задоволни+ со она што го имате.+ Зашто, тој рекол: „Никогаш нема да те оставам и никогаш нема да те напуштам“.+
6 Затоа, исполнети со храброст,+ можеме да речеме: „Јехова е мојот помошник, нема да се плашам. Што може да ми направи човек?“+
7 Сеќавајте се на оние што ве предводат,+ кои ви ја зборуваа Божјата реч. Набљудувајќи го исходот од нивниот начин на живот, угледајте се на*+ нивната вера.+
8 Исус Христос е истиот вчера, и денес, и засекогаш.+
9 Не дозволувајте да ве заведат разни туѓи учења.+ Зашто, добро е срцето да се зацврсти со Божјата незаслужена доброта,+ а не со јадења,+ кои не им користат на оние што се занимаваат со нив.
10 Имаме жртвеник од кој немаат право да јадат оние што служат* во шаторот.+
11 Зашто, телата на тие животни, чија крв првосвештеникот ја внесува во светото место за да се исчистат гревовите, се запалуваат надвор од логорот.+
12 Затоа и Исус, за да го посвети+ народот со својата крв,+ страдаше надвор од градските порти.+
13 Затоа, да излеземе кај него надвор од логорот, носејќи го срамот што го носеше тој,+
14 зашто овде немаме град кој ќе остане,+ туку желно го чекаме оној што ќе дојде.+
15 Преку Исус секогаш му принесуваме на Бог жртва на фалба,+ односно плод на усните+ кои го објавуваат неговото име.+
16 И не заборавајте да правите добро+ и да делите со другите, зашто со таквите жртви му се угодува на Бог.+
17 Бидете им послушни на оние што ве предводат+ и бидете им подложни+ — зашто тие бдеат над вашите души како оние што ќе положат сметка за тоа+ — за да го прават со радост, а не со воздишки, зашто тоа вам би ви било на штета.+
18 Молете се за нас,+ зашто сме уверени дека имаме чиста* совест, бидејќи сакаме во сѐ да постапуваме чесно.+
19 Сесрдно ве молам да го правите тоа за да ви се вратам што поскоро.+
20 А Богот на мирот,+ кој го изведе+ од мртвите големиот пастир+ на овците,+ нашиот Господар* Исус, кој ја имаше крвта на вечниот сојуз,+
21 нека ве опреми со секое добро, за да ја вршите неговата волја, и преку Исус Христос нека го прави во нас она што му е благоугодно.+ Нему нека му е слава во сета вечност!+ Амин.*
22 А ве молам, браќа, да го прифатите овој збор на охрабрување, зашто ви напишав кратко писмо.+
23 Знајте дека е ослободен нашиот брат Тимотеј.+ Ако дојде наскоро, ќе ве посетам заедно со него.
24 Поздравете ги сите што ве предводат+ и сите свети. Ве поздравуваат оние од Италија.+
25 Незаслужената доброта+ нека биде со сите вас.
Фусноти
^ Или: „имитирајте ја“.
^ Или: „вршат света служба“.
^ Или: „чесна“.
^ Види го додатокот 11.