Езекиел 14:1-23

14  Дојдоа кај мене некои од старешините на Израел и седнаа пред мене.+  Тогаш ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, тие луѓе ги носат во своето срце своите одвратни идоли* и пред своето лице ставаат камен на кој се спрепнуваат, па паѓаат во грев.+ Зар да трпам да бараат од мене совет?+  Затоа, обрати им се и речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Секому од домот на Израел, кој ги носи своите одвратни идоли+ во срцето и пред своето лице става камен на кој се спрепнува, па паѓа во грев и доаѓа кај пророкот, јас, Јехова, ќе му одговорам според мноштвото на неговите одвратни идоли,+  и ќе го фатам за срце+ домот на Израел, бидејќи отстапија од мене поради сите свои одвратни идоли“ ‘.+  Затоа, речи му на домот на Израел: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Вратете се и одвратете се од своите одвратни идоли,+ свртете го лицето од сите свои гадости!+  Зашто, секому од домот на Израел или од дојденците што живеат во Израел, кој отстапува од мене+ и ги носи во своето срце своите одвратни идоли и пред своето лице поставува камен на кој се спрепнува, и паѓа во грев, па доаѓа кај пророкот за да побара совет од мене,+ јас, Јехова, нему лично ќе му одговорам.  Ќе му се спротивставам на тој човек+ и ќе го направам да биде предупредувачки пример+ и да го спомнуваат со презир,*+ и ќе го истребам од мојот народ.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова“ ‘.+  ‚А ако пророкот дозволи да биде заведен, па проговори пророчка реч, знајте дека јас, Јехова, сум го завел тој пророк.+ Ќе ја подигнам раката против него и ќе го истребам од мојот народ, Израел.+ 10  Тие ќе ја носат вината за својот престап.+ И престапот на оној што прашува за совет и престапот на пророкот ќе бидат исти,+ 11  и така домот на Израел повеќе нема да отстапува од мене+ и повеќе нема да се валка со сите свои престапи. Тогаш тие ќе бидат мој народ, а јас ќе бидам нивни Бог‘, вели Севишниот Господар Јехова“.+ 12  И пак ми дојде Јеховината реч: 13  „Сине човечки, ако некоја земја ми згреши мене така што ќе ми биде неверна,+ ќе ја подигнам раката против неа и ќе ѝ ги уништам резервите од леб,*+ ќе испратам против неа глад+ и ќе ги истребам од неа луѓето и стоката“.+ 14  „ ,Кога во неа би се нашле овие тројца — Ное,+ Даниел+ и Јов+ — тие би ја избавиле својата душа поради својата праведност‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.“+ 15  „ ,Кога би пуштил низ таа земја опасни ѕверови,+ кои би ѝ ги убиле децата,+ а таа би се претворила во пустош по која никој не минува поради ѕверовите,+ 16  и кога во неа би се нашле тие тројца, како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚тие не би ги избавиле ниту синовите ниту ќерките, туку само себеси, а земјата би се претворила во пустош.‘ “+ 17  „ ,Или, кога би испратил меч против таа земја+ и би рекол: „Нека помине меч низ земјата!“ — и би ги истребил од неа луѓето и стоката,+ 18  а во неа би се нашле тие тројца,+ како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚тие не би ги избавиле ниту синовите ниту ќерките, туку само себеси.‘ “+ 19  „ ,Или, кога би испратил помор против таа земја+ и кога би излеал врз неа гнев и крвопролевање,+ за да ги истребам од неа луѓето и стоката, 20  а во неа би се нашле Ное,+ Даниел+ и Јов,+ како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚тие не би го избавиле ниту синот ниту ќерката, туку поради својата праведност би ја избавиле само својата душа.‘ “+ 21  „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Така ќе биде кога ќе се извршат моите четири погубни пресуди+ — меч, глад, опасни ѕверови и помор+ — кои ќе ги испратам врз Ерусалим за да ги истребам од него луѓето и стоката.+ 22  Но, еве, ќе останат во него преживеани, оние што ќе бидат изведени.+ Еве ги синовите и ќерките! Тие доаѓаат кај вас, и ќе ги видите нивниот пат и нивните дела.+ И ќе се утешите во жалоста, која ќе ја чувствувате поради неволјата што ќе му ја нанесам на Ерусалим, поради сето она што ќе го доведам врз него‘.“ 23  „ ,Тие ќе ве утешат кога ќе ги видите нивниот пат и нивните дела. И тогаш ќе знаете дека не го направив без причина сето она што го направив против тој град‘, вели Севишниот Господар Јехова.“+

Фусноти

Или: „лепешкави идоли“.
Буквално: „и да биде изрека (пословица)“.
Или: „стаповите на кои се наредени прстенести лебови“. Буквално: „лебните стапови“.