Езекиел 22:1-31
22 И повторно ми дојде Јеховината реч:
2 „А ти, сине човечки, сакаш ли да судиш,+ сакаш ли да му судиш на градот што е виновен за крв+ и да му укажеш на сите негови гадости?+
3 Речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „О граде, кој пролеваш крв+ во себе додека не чукне часот за да бидеш казнет+ и во себе правиш одвратни идоли* за да бидеш нечист,+
4 ти стана виновен за крвта што ја пролеа,+ стана нечист поради одвратните идоли што ги направи.+ Привршуваат твоите денови, твоите години се ближат кон крај. Затоа ќе те направам за срам меѓу народите и за потсмев за сите земји.+
5 Соседните и далечните земји ќе ти се потсмеваат тебе, чие име е нечисто, во кој владее голема збрка.+
6 Еве, во тебе се поглаварите+ на Израел, секој од нив е оддаден на крвопролевање.+
7 Таткото и мајката се презрени во тебе.+ Во тебе дојденецот го искористуваат,+ а детето без татко и вдовицата ги угнетуваат“ ‘ “.+
8 „ ,Моето светилиште го презираш, моите денови за одмор* ги сквернавиш.+
9 Во тебе има клеветници поради кои се пролева крв.+ Во тебе тие јадат идолски жртви по планините.+ Среде тебе прават бесрамни дела.+
10 Во тебе ја откриваат татковата голотија,+ во тебе ја обесчестуваат жената што е нечиста од својот месечен ред.+
11 Во тебе еден прави гадости со жената на својот ближен,+ друг, во својата бесрамност, ја обесчестува својата снаа,+ а трет ја обесчестува својата сестра, ќерката на својот татко.+
12 Во тебе земаат мито за да пролеваат крв.+ Даваш на заем со камати и заради добивка,+ стекнуваш добивка од своите ближни со грабање+ и измама,+ а мене ме заборави‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.
13 ‚Еве, со презир плеснувам со рацете+ над неправедната добивка што ја стекнуваш+ и над крвта што се пролева во тебе.+
14 Ќе издржи ли твоето срце+ и ќе ти бидат ли силни рацете во деновите кога ќе станам против тебе?+ Јас, Јехова, реков така и ќе направам така.+
15 Ќе те распрснам меѓу народите и ќе те расеам низ земјите,+ и ќе ја отстранам твојата нечистотија од тебе.+
16 И ќе станеш нечист во очите на другите народи, и тогаш ќе знаеш дека јас сум Јехова.‘ “+
17 И повторно ми дојде Јеховината реч:
18 „Сине човечки, домот на Израел ми е како запенета згура.+ Сите тие се бакар, калај, железо и олово во печка. Сите тие се запенета згура, згура од сребро.+
19 Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Сите вие сте како запенета згура,+ па затоа ќе ве соберам во Ерусалим.+
20 Како што се ставаат сребро, бакар, железо,+ олово и калај во печка, па се разгорува огнот+ за да се растопат,+ така и јас ќе ве соберам во својот гнев и во својата јарост, и ќе го разгорам огнот и ќе ве стопам.
21 Ќе ве соберам и ќе го разгорам над вас огнот на својот гнев,+ па ќе се растопите во градот.+
22 Како што се растопува среброто во печка, така и вие ќе се растопите во него. И тогаш ќе знаете дека јас, Јехова, сум ја излеал својата јарост врз вас‘ “.+
23 И повторно ми дојде Јеховината реч:
24 „Сине човечки, речи ѝ: ‚Ти си неисчистена земја, на која не паднал дожд во денот на осудата.+
25 Нејзините пророци коваат заговор во неа,+ рикаат како лавови и раскинуваат плен.+ Проголтуваат души.+ Грабаат богатство и скапоцености.+ Поради нив, има сѐ повеќе вдовици во земјата.+
26 Нејзините свештеници го кршат мојот закон+ и го сквернават моето светилиште.+ Не прават разлика+ меѓу она што е свето и она што не е свето,+ не ја знаат разликата помеѓу она што е нечисто и она што е чисто,+ ги одвраќаат своите очи од моите денови за одмор+ и ме обесчестуваат меѓу нив.+
27 Нејзините кнезови во неа се како волци што раскинуваат плен и пролеваат крв,+ и убиваат души за да натрупаат неправедна добивка.+
28 Нејзините пророци сакаат да ги избелат со вар нивните гревови,+ ги мамат со своите виденија+ и им гатаат лага,+ велејќи: „Вака вели Севишниот Господар Јехова“, а Јехова не го рекол тоа.
29 Народот* лукаво искористува+ и граба,+ го угнетува+ страдалникот и сиромавиот, и му врши неправда на дојденецот и го искористува‘.+
30 ‚Барав меѓу нив човек кој би го поправил камениот ѕид+ и би застанал* пред мене и би се зазел за таа земја+ за да не ја уништам,+ но не најдов ниту еден.
31 Затоа ќе ја излеам својата осуда+ врз нив. Ќе ги истребам со огнот на својот гнев.+ Нивните дела ќе ги фрлам врз нивната глава‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“.
Фусноти
^ Или: „лепешкави идоли“.
^ Буквално: „Народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
^ Буквално: „и би застанал во пукнатина [на ѕидовите]“.