Езекиел 25:1-17

25  И повторно ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, сврти го лицето кон синовите на Амон и пророкувај против нив!+  И речи им на синовите на Амон: ‚Чујте ја речта на Севишниот Господар Јехова! Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Затоа што воскликнувавте: ‚Така, така!‘, над моето светилиште, кога беше осквернето, и над земјата Израелова, кога беше опустошена, и над домот на Јуда, кога отиде во изгнанство,+  еве, ќе ве дадам во сопственост на луѓето од Исток,+ и тие ќе си подигнат во вашата земја логори, и ќе ги постават своите шатори во вашата земја. Тие ќе ги јадат вашите плодови и ќе го пијат вашето млеко.+  Ќе ја претворам Рава+ во пасиште за камили, а населбите на синовите на Амон во трла за овци.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова“ ‘ “.+  „Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што плескаше со рацете,+ удираше со нозете и се радуваше полн со презир во душата поради земјата на Израел,+  еве, јас ќе ја подигнам раката против тебе+ и ќе те предадам на народите за да те опљачкаат. Ќе те истребам меѓу народите и ќе те уништам меѓу земјите.+ Ќе те сотрам,+ и тогаш ќе знаеш дека јас сум Јехова‘.  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што Моав+ и Сеир+ велеа: „Гледај, домот на Јуда е како сите други народи“,+  еве, на непријателот му ги отворам падините на моавските ридови кај граничните градови, градови што се украс на таа земја, Вет-Есимот,+ Ваал-Меон+ и Киријатаим,+ 10  па ќе им припаднат на луѓето од Исток,+ како што им припаднаа синовите на Амон.+ Ќе им ја дадам во посед таа земја, и ќе исчезне споменот+ на Амоновите синови меѓу народите. 11  Ќе извршам пресуда во Моав.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова‘.+ 12  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што Едом постапи како одмаздник со домот на Јуда и направи големо зло и му се одмазди,+ 13  вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе ја подигнам раката против Едом+ и ќе ги истребам од него луѓето и стоката,+ и ќе го претворам во пустош од Теман+ до Дедан.+ Ќе паднат од меч. 14  ‚И ќе му се одмаздам на Едом со раката на својот народ Израел.+ Тие ќе постапат со Едом според мојот гнев и според мојата јарост. И тогаш ќе знаат каква е мојата одмазда‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“ ‘. 15  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што Филистејците постапија како одмаздници+ и се одмаздуваа со презир во душата, пустошејќи+ поради вековното непријателство,+ 16  вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе ја подигнам раката против Филистејците,+ ќе ги истребам Херетејците+ и ќе го сотрам остатокот на морскиот брег.+ 17  Жестоко ќе им се одмаздам и гневно ќе ги казнам.+ И тогаш, кога ќе им се одмаздам, ќе знаат дека јас сум Јехова“ ‘ “.+

Фусноти