Езекиел 3:1-27
3 И ми рече: „Сине човечки, изеди го ова што е пред тебе! Изеди го овој свиток,+ па оди и зборувај му на домот на Израел!“
2 И ја отворив устата, а тој ме натера да го изедам тој свиток.+
3 И ми рече: „Сине човечки, нахрани го својот стомак и насити ја својата утроба со овој свиток што ти го давам!“ Па го изедов, и во устата ми беше сладок како мед.+
4 Потоа ми рече: „Сине човечки, појди кај домот на Израел+ и кажи му ги моите зборови!
5 Не те праќам кај народ со непознат јазик+ и со неразбирлив говор,+ туку кај домот на Израел.
6 Не те праќам кај бројни народи што зборуваат непознат јазик и имаат неразбирлив говор, чии зборови не можеш да ги разбереш.+ А и кога би те испратил кај нив, тие би те слушале.+
7 Но домот на Израел нема да сака да те слуша, бидејќи не сакаат да ме слушаат мене,+ поради тоа што целиот дом на Израел е тврдоглав и има тврдо срце.+
8 Еве, ти давам лице тврдо како нивното,+ и чело тврдо како нивното.+
9 Ти давам чело тврдо како дијамант, потврдо од кремен.+ Не плаши се од нив+ и не бој се од нивните лица,+ зашто се бунтовнички дом!“+
10 И ми рече: „Сине човечки, сите зборови што ќе ти ги кажам прими ги во срцето+ и слушај ги со своите уши!
11 Појди кај изгнаниците,+ кај синовите на својот народ, па обрати им се и речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова‘, слушале тие или не!“+
12 Потоа духот ме понесе+ и чув зад себе големо бучење:+ „Благословена да е славата Јеховина во неговото живеалиште!“+
13 И се чу како овие суштества мавтаат со крилјата, кои се допираа едно со друго,+ како и звукот на тркалата до нив,+ а и големо бучење.
14 И духот ме понесе+ и ме однесе, па одев огорчен и гневен,* а на мене почиваше Јеховината силна рака.+
15 И така дојдов кај изгнаниците во Тел-Авив, кои живееја+ на реката Хевар,+ и останав таму каде што живееја тие. Останав таму меѓу нив седум дена, сиот зашеметен.+
16 А по седум дена ми дојде Јеховината реч:
17 „Сине човечки, те поставив за стражар на домот на Израел.+ Слушај ги зборовите од мојата уста и опоменувај ги во мое име!+
18 Кога ќе му речам на злиот: ‚Ќе умреш‘,+ а ти не го опоменеш и не проговориш за да го одвратиш злиот од неговиот зол пат и за да му го зачуваш животот,+ тој ќе умре поради својот престап, бидејќи прави зло,+ но неговата крв ќе ја барам од твојата рака.+
19 Но, ако го опоменеш злиот,+ а тој не се одврати од својата злоба и од својот зол пат, тој ќе умре поради својот престап,+ а ти ќе ја избавиш својата душа.+
20 Исто така, ако праведникот се одврати од својата праведност+ и почне да врши неправда, па поставам пред него камен од кој ќе се сопне,+ тој ќе умре затоа што не си го опоменал. Ќе умре поради својот грев+ и нема да се паметат праведните дела што ги направил,+ но неговата крв ќе ја барам од твојата рака.+
21 Но, ако го опоменеш праведникот да не греши,+ и тој престане да греши, ќе остане жив бидејќи ја прифатил опомената,+ а ти ќе ја избавиш својата душа“.+
22 И таму се спушти Јеховината рака врз мене и тој ми рече: „Стани и појди во долината,+ таму ќе зборувам со тебе!“
23 И станав и појдов во долината, и гледај, таму беше Јеховината слава,+ слична на славата што ја видов на реката Хевар,+ па паднав ничкум.+
24 Тогаш влезе духот во мене+ и ме подигна на нозе,+ а Бог ми се обрати и ми рече:
„Оди и затвори се во својата куќа!
25 Гледај, сине човечки, тие ќе ти стават јажиња и ќе те врзат со нив, така што повеќе нема да одиш меѓу нив.+
26 А јас ќе направам јазикот да ти се залепи за непцето,+ па ќе онемиш+ и повеќе нема да ги укоруваш,+ зашто се бунтовнички дом.+
27 А кога ќе ти се обратам јас, ќе ти ја отворам устата, и ти речи им:+ ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова‘. Кој сака да слуша, нека слуша,+ а кој не сака да слуша, нека не слуша, зашто се бунтовнички дом!“+
Фусноти
^ Буквално: „со гневен дух“.