Езекиел 38:1-23

38  И повторно ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки,+ сврти се со лицето кон Гог од земјата Магог,+ кон врховниот кнез на Месех+ и на Тувал,+ и пророкувај против него!  Речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, Гоже, врховен кнезу на Месех и на Тувал.  Ќе те свртам и ќе ти ставам куки во челуста+ и ќе те изведам со сета твоја војска,+ со коњите и со коњаниците, прекрасно облечени,+ со големо мноштво, со големи и мали штитови — сѐ воини кои вешто ракуваат со меч.+  Со нив се и Персија,+ Етиопија+ и Фут+ — сите носат штитови и шлемови.  Тука се и Гомер+ и сите негови чети, потомците на Тогарма,+ од крајниот север, и сите нивни чети — многу народ има со тебе.+  Биди спремен, подготви се, ти и сето твое мноштво+ што се собрало околу тебе, и биди им чувар!  По многу денови ќе бидеш испитан. Во последните години ќе дојдеш во земјата+ на народ што е избавен од меч, собран од многу народи+ и доведен на израелските планини, кои за сето време лежат опустошени. Народот на таа земја е изведен од другите народи и живее без страв.+  Навистина ќе се подигнеш и ќе навалиш како бура.+ Ќе бидеш како облаци кога ја покриваат земјата,+ ти и сите твои чети и многу народи со тебе“ ‘. 10  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Во тој ден ќе ти дојдат мисли во срцето+ и ќе сковеш зол план,+ 11  и ќе речеш: „Ќе се кренам против земјата во која има незаштитени села.+ Ќе ги нападнам оние што живеат мирно и без страв, живеат без ѕидови+ и немаат ни резе ни врати“. 12  Ќе го направиш тоа за да насобереш плен+ и да се напљачкаш од сѐ, за да ја кренеш раката на урнатини кои се повторно населени+ и на народот што е собран од другите народи,+ народ кој насобрал богатство и имот+ и живее во средиштето+ на земјата. 13  Сава+ и Дедан+ и трговците од Тарс+ и сите нивни млади лавови+ ќе ти велат: „Доаѓаш ли за да однесеш голем плен? Дали заради пљачка го собра своето мноштво, за да однесеш сребро и злато, за да однесеш богатство и имот, за да однесеш мошне голем плен?“ ‘ 14  Затоа пророкувај, сине човечки, и речи му на Гог: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Во тој ден кога мојот народ Израел ќе живее без страв, зарем нема да го знаеш тоа?+ 15  И ќе дојдеш од своето место, од крајниот север,+ ти и многу народи со тебе, сѐ сами коњаници, големо мноштво — огромна војска.+ 16  Ќе го нападнеш Израел, мојот народ, како облаци кога ја покриваат земјата.+ Тоа ќе се случи во последните денови, ќе те доведам да ја нападнеш мојата земја,+ за да ме запознаат народите кога пред нивни очи ќе ја покажам својата светост врз тебе, Гоже“ ‘.+ 17  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ти ли си+ оној за кого во дамнешни времиња зборував преку своите слуги, пророците на Израел, кои пророкуваа во тие денови, и години, дека ќе те доведам против нив?‘+ 18  ‚Во тој ден, во денот кога Гог ќе дојде против земјата на Израел,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚гневот ќе ми пламне од носниците.+ 19  Во својата јарост,+ во огнот на својот гнев, ќе проговорам.+ Во тој ден ќе се случи силен потрес во земјата на Израел.+ 20  Поради мене ќе затреперат морските риби и небесните птици, полските ѕверови и сите суштества што лазат по земјата и сите луѓе што живеат на земјата.+ Планините ќе се расцепат,+ стрмните патишта ќе попаѓаат и сите ѕидишта ќе паднат на земја.‘ 21  ‚И на сите свои планини ќе повикам меч против него,‘ вели Севишниот Господар Јехова.+ ‚Секој ќе го подигне мечот против својот брат.+ 22  Ќе му судам+ со помор+ и со крв.+ Силен порој и град,+ оган+ и сулфур ќе пуштам врз него и врз неговите чети и врз многуте народи што ќе бидат со него.+ 23  И ќе се возвеличам и ќе се посветам,+ и ќе се објавам пред очите на многу народи, и тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова.‘ “+

Фусноти