Езра 7:1-28

7  По тие настани, во времето на владеењето на персискиот цар Артаксеркс,+ Езра,+ синот на Сераја,+ син на Азарија, син на Хелкија,+  син на Салум,+ син на Садок, син на Ахитув,+  син на Амарија,+ син на Азарија,+ син на Мерајот,+  син на Зерај,+ син на Озиј,+ син на Вукиј,+  син на Ависуј,+ син на Финес,+ син на Елеазар,+ син на Арон,+ главниот свештеник+  тој Езра замина од Вавилон. Тој беше вешт препишувач+ на Мојсеевиот закон,+ кој го даде Јехова, Богот на Израел, и царот му даде сѐ што бараше, зашто раката на Јехова, неговиот Бог, беше над него.+  Некои од синовите на Израел, од свештениците,+ левитите,+ пејачите,+ вратарите+ и нетините+ отидоа во Ерусалим во седмата година на цар Артаксеркс.+  Тој дојде во Ерусалим во петтиот месец, во седмата година на царот.  Првиот ден од првиот месец го одреди за поаѓање од Вавилон, а на првиот ден од петтиот месец стигна во Ерусалим, зашто добрата рака на неговиот Бог беше над него.+ 10  Езра го подготви своето срце+ да го истражува Јеховиниот закон,+ да постапува според него+ и да поучува+ во Израел за уредбите+ и за правдата.+ 11  А ова е преписот од писмото што цар Артаксеркс му го даде на свештеникот Езра, препишувачот,+ кој ги препишуваше заповедите и уредбите кои Јехова му ги даде на Израел: 12  „Артаксеркс,+ царот над царевите,+ до свештеникот Езра, препишувачот на законот на небесниот Бог:+ Мир да имаш!+ Еве, 13  издадов наредба:+ секој од моето царство+ кој е од народот Израел и од неговите свештеници и левити, и кој сака да оди со тебе во Ерусалим, нека оди.+ 14  Зашто царот и неговите седум советници+ наредија да се испита+ како стојат работите во врска со Јуда и Ерусалим, во согласност со законот+ на твојот Бог,+ кој ти е во рацете, 15  и да се однесе среброто и златото што царот и неговите советници доброволно му го дадоа+ на Богот на Израел, кој престојува во Ерусалим,+ 16  и целото сребро и злато што ќе го собереш во целата вавилонска покраина заедно со дарот од народот+ и од свештениците, кои доброволно даваат за домот на својот Бог+ во Ерусалим. 17  И со тие пари веднаш купи јунци,+ овни,+ јагниња+ и нивните житни жртви+ и нивните жртви налевници,+ и принеси ги на жртвеникот во домот на вашиот Бог+ во Ерусалим.+ 18  А со среброто и златото што ќе преостане, ти и твоите браќа направете така како што сметате дека е добро,+ направете според волјата+ на вашиот Бог.+ 19  И сите садови+ што ги доби за служба во домот на твојот Бог, предај ги пред Бог во Ерусалим.+ 20  И сѐ што ќе треба уште за домот на твојот Бог, а што би требало да се набави, плати го од царската ризница.+ 21  Јас, цар Артаксеркс, им издадов наредба+ на сите ризничари+ од онаа страна на Реката:+ сѐ што свештеникот Езра,+ препишувачот на законот на небесниот Бог, ќе побара од вас, да му се издаде без одлагање, 22  и до сто таланти*+ сребро, до сто кора*+ пченица, до сто бата*+ вино,+ до сто бата масло,+ а сол+ неограничено. 23  Нека се изврши со сета ревност+ сѐ што небесниот Бог+ ќе нареди+ за домот на небесниот Бог, за да не дојде гнев врз царевото царство и врз неговите синови.+ 24  И уште ви давам до знаење дека на ниеден свештеник,+ левит,+ музичар,+ вратар,+ нетин+ или на оној што работи на Божјиот дом не смее да му се наметне ниту данок, ниту давачка,+ ниту царина.+ 25  А ти, Езра, според мудроста+ на твојот Бог која ти е дадена, постави познавачи на законот и судии за да му судат+ на целиот народ од онаа страна на Реката, на сите што ги познаваат законите на твојот Бог. А кој не ги знае, него поучете го.+ 26  И кој нема да се држи за законот на твојот Бог+ и за законот на царот, над него веднаш нека се изврши пресуда, било со смрт,+ било со протерување,+ било со парична казна,+ било со затвор“. 27  Нека е благословен Јехова, Богот на нашите прататковци,+ кој му го даде сето тоа на царот во срцето+ за да се украси+ Јеховиниот дом во Ерусалим! 28  И ми покажа милост*+ така што ја стекнав наклоноста на царот и на неговите советници+ и на сите моќни царски кнезови. И јас добив сила, зашто раката+ на Јехова, мојот Бог, беше над мене, па ги собрав поглаварите на Израел за да појдат со мене.

Фусноти

Еден бат е 22 литри. Види ги фуснотатата за Езе 45:11 и додатокот 13.
Еден кор е 220 литри. Види го додатокот 13.
Види го додатокот 13.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.