Еремија 1:1-19

1  Зборови на Еремија,+ синот на Хелкија, еден од свештениците што беа во Анатот,+ во земјата на Венијамин.+  Нему му дојде Јеховината реч во деновите на Јосија,+ синот на Амон,+ цар на Јуда, во тринаесеттата година од неговото царување.+  Таа доаѓаше и во деновите на Јоаким,+ синот на Јосија, цар на Јуда, сѐ до крајот на единаесеттата година на Седекија,+ синот на Јосија, цар на Јуда, сѐ додека Ерусалим не отиде во изгнанство во петтиот месец.+  И ми дојде Јеховината реч:  „Пред да те обликувам во утробата на мајка ти,+ јас те познавав.+ Пред да излезеш од нејзината утроба, јас те посветив.+ Те поставив за пророк на народите“.  А јас реков: „Леле, Севишен Господару Јехова! Еве, јас не знам да зборувам,+ зашто уште сум дете!“+  А Јехова ми одговори: „Не вели: ‚Уште сум дете‘. Туку оди кај сите кај кои ќе те испратам и кажи им сѐ што ќе ти заповедам!+  Не плаши се од нивните лица,+ зашто ‚јас сум со тебе за да те избавам‘,+ вели Јехова“.  Тогаш Јехова ја пружи раката и со неа ми ја допре устата.+ И Јехова ми рече: „Еве, ги ставам своите зборови во твојата уста.+ 10  Гледај, денес те поставувам над народите и над царствата,+ за да искоренуваш и да рушиш, да уништуваш и да уриваш,+ да градиш и да садиш“.+ 11  И пак ми дојде Јеховината реч: „Што гледаш, Еремија?“ Одговорив: „Гледам бадемова* гранка“. 12  Тогаш Јехова ми рече: „Добро гледаш, зашто јас бдеам* над својата реч за да ја извршам“.+ 13  И ми дојде Јеховината реч по втор пат: „Што гледаш?“ Одговорив: „Гледам котел под кој се разгорува оган, а неговиот отвор гледа спротивно од северот“. 14  Тогаш Јехова ми рече: „Од север ќе биде пуштена неволјата врз сите жители на оваа земја.+ 15  Зашто, ‚еве, ги повикувам сите племиња на северните царства‘, вели Јехова,+ ,и тие ќе дојдат, и секое од нив ќе го постави својот престол пред ерусалимските порти,+ и ќе ги нападнат сите негови ѕидишта наоколу и сите градови на Јуда.+ 16  И ќе им изречам пресуда за сета нивна злоба,+ зашто ме оставија+ и им горат приноси на други богови+ и им се поклонуваат на делата на своите раце‘.+ 17  А ти, заврати ги скутовите на својата облека,+ па стани и кажи им сѐ што ќе ти заповедам! Не плаши се од нив,+ зашто инаку јас ќе те натерам да се плашиш од нив. 18  Еве, јас те направив денес утврден град и железен столб и бакарен ѕид+ против целата оваа земја,+ против царевите на Јуда, против нејзините кнезови, против нејзините свештеници и против народот.*+ 19  Тие ќе се борат против тебе, но нема да те надвладеат,+ зашто ‚јас сум со тебе‘,+ вели Јехова, ,за да те избавам‘ “.+

Фусноти

„Бадем“ — на хебрејски се нарекува шакед, што буквално значи „оној што бдее“, бидејќи е едно од првите дрвја што расцветуваат напролет.
„Бдеам“ — на хебрејски шокед; игра на зборови, алузија на шакед од 11. стих.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец). Овој израз подоцна почнал да се употребува во погрдна смисла. Спореди Јвн 7:47⁠-49.