Еремија 11:1-23

11  Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова:  „Чујте ги зборовите на овој сојуз! Објави им+ ги на народот на Јуда и на жителите на Ерусалим.  Речи им: ‚Вака вели Јехова, Богот на Израел: „Проклет да е човекот што не ги слуша зборовите на овој сојуз,+  кои им ги заповедав на вашите татковци во денот кога ги изведов од египетската земја,+ од печката во која се топи железо,+ велејќи: ‚Слушајте го мојот глас и правете сѐ што ви заповедам,+ па ќе бидете мој народ, а јас ќе бидам ваш Бог,+  за да ја исполнам заклетвата со која им се заколнав на вашите татковци+ дека ќе им ја дадам земјата во која тече мед и млеко,+ во која живеат и денес!‘ “ ‘ “ А јас одговорив: „Нека биде така, Јехова!“  Потоа Јехова ми рече: „Објави ги сите овие зборови по градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим.+ Речи: ‚Чујте ги зборовите на овој сојуз и извршувајте ги!+  Зашто, сериозно ги опоменував вашите татковци од денот кога ги изведов од египетската земја+ до ден-денес, станував рано и ги опоменував: „Слушајте го мојот глас!“+  Но тие не слушаа и не го приклонија своето уво,+ туку се поведуваа по своето тврдокорно и зло срце.+ Затоа ги исполнив врз нив сите зборови на овој сојуз за кој им заповедав да го држат, но тие не го држеа‘ “.  И Јехова ми рече: „Има заговор меѓу народот на Јуда и жителите на Ерусалим.+ 10  Се вратија на престапите на своите прататковци од минатото.+ Тие не сакаа да ги слушаат моите зборови, туку одеа по други богови и им служеа.+ Домот на Израел и домот на Јуда го прекршија мојот сојуз, кој го склучив со нивните прататковци.+ 11  Затоа, вака вели Јехова: ‚Еве, ќе им нанесам неволја+ на која нема да ѝ избегаат.+ Ќе ме викаат на помош, но јас нема да ги слушам.+ 12  Градовите на Јуда и жителите на Ерусалим ќе отидат и ќе ги повикуваат на помош боговите на кои им гореа приноси,+ но тие нема да им донесат спасение во време на нивната неволја.+ 13  Зашто, ти, Јудо, имаш исто толку богови колку и градови,+ и колку улици има во Ерусалим, толку жртвеници му поставивте на срамотниот бог,+ жртвеници на кои му горите приноси на Ваал‘.+ 14  А ти немој да се молиш за овој народ и не кревај го својот глас викајќи на помош или молејќи се за нив,+ зашто нема да слушам кога ќе ме повикуваат во својата неволја!+ 15  Што прави мојот сакан народ во мојот дом,+ кога мнозина од нив смислуваат такво зло?+ Ќе го одвратат ли злото од тебе со свето месо+ кога ќе те снајде неволјата? Ќе се радуваш ли тогаш?+ 16  ‚Зелена маслинка, плодна и убава‘, така те нарече Јехова.+ Со голем шум фрли оган врз неа, искршени се нејзините гранки.+ 17  Јехова над војските, оној што те посади,+ ти најави неволја поради злото што го извршија домот на Израел+ и домот на Јуда горејќи му приноси на Ваал за да ме навредуваат“.+ 18  Јехова ми објави за да знам, и тогаш ми ги покажа нивните дела.+ 19  А јас бев како послушно јагне што го водат на колење,+ и не знаев дека против мене смислуваат сплетки:+ „Да го уништиме дрвото и неговиот плод, да го откорнеме од земјата на живите,+ за да не се спомнува неговото име никогаш повеќе!“ 20  Но ти, Јехова над војските, судиш праведно,+ ти ги испитуваш бубрезите* и срцето.+ Дозволи ми да видам како им се одмаздуваш, зашто пред тебе ја изнесов својата парница.+ 21  Затоа, вака вели Јехова за луѓето од Анатот,+ кои ја бараат мојата душа и велат: „Не пророкувај во името на Јехова+ за да не загинеш од нашава рака“, 22  вака вели Јехова над војските: „Еве, јас ќе се пресметам со нив. Нивните младичи ќе загинат од меч.+ Нивните синови и нивните ќерки ќе умрат од глад.+ 23  Ни остаток нема да им остане, зашто ќе доведам неволја врз луѓето од Анатот+ и ќе дојде годината во која ќе ги казнам“.+

Фусноти

Или: „најскриените чувства“.