Еремија 19:1-15

19  Вака вели Јехова: „Оди и земи од грнчарот земјена стомна+ и поведи со себе неколку народни и неколку свештенички старешини.  Појди во долината на Еномовите синови,+ која се наоѓа пред Портата на грнчарските отпадоци! Таму објави ги зборовите што ќе ти ги кажам!+  Кажи: ‚Чујте ја Јеховината реч, вие цареви на Јуда и вие жители на Ерусалим!+ Вака вели Јехова над војските,+ Богот на Израел: „Еве, донесувам неволја на ова место, и кога ќе чујат за неа, сите ќе се вчудовидат,*+  затоа што ме оставија+ и го направија ова место непрепознатливо+ и на него им гореа приноси на други богови, кои порано не ги познаваа,+ тие и нивните татковци и царевите на Јуда, и ова место го наполнија со крвта на невини луѓе.+  И му изградија обредни височинки на Ваал за да ги горат своите синови во оган, принесувајќи му ги на Ваал+ како жртви паленици, а јас тоа никогаш не сум го заповедал, ниту сум зборувал за тоа,+ ниту, пак, некогаш такво нешто ми дошло на ум“ ‘.*+  ‚Затоа, еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ,кога ова место повеќе нема да се нарекува Тофет+ и долина на Еномовите синови,+ туку долина на убивањето.  Ќе ги осуетам намерите на Јуда и на Ерусалим на ова место+ и ќе направам да паднат од меч пред своите непријатели и од раката на оние што ја бараат нивната душа.+ А нивните мртви тела ќе им ги дадам како храна на небесните птици и на земните ѕверови.+  Овој град ќе го претворам во грозна глетка, за да му се чудат луѓето и да потсвирнуваат.+ Секој минувач ќе гледа вчудовидено, ќе се чуди и ќе потсвирнува поради сите негови неволји.+  И ќе ги натерам да го јадат месото на своите синови и месото на своите ќерки, и секој ќе го јаде месото на својот ближен поради маката и неволјата со кои ќе ги притиснат нивните непријатели и оние што ја бараат нивната душа‘.+ 10  Скрши ја стомната пред очите на оние што ќе одат со тебе! 11  И кажи им: ‚Вака вели Јехова над војските: „Така ќе го скршам овој народ и овој град, како што се крши грнчарски сад, па не ќе може повеќе да се поправи.+ Во Тофет+ ќе се вршат погреби сѐ додека не снема место за погребување“ ‘.+ 12  ‚Така ќе му направам на ова место‘, вели Јехова, ,и на неговите жители: ќе направам овој град да биде како Тофет.+ 13  И куќите во Ерусалим и куќите на царевите на Јуда ќе бидат како местото каде што е Тофет+ — нечисти — сите куќи на чии покриви ѝ гореа приноси на сета небесна војска+ и им излеваа жртви налевници на други богови‘ “.+ 14  И Еремија се врати од Тофет,+ каде што Јехова го испрати да пророкува, па застана во дворот на Јеховиниот дом и му рече на целиот народ:+ 15  „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Еве, на овој град и на сите градови околу него ја донесувам сета неволја што му ја најавив, зашто се непокорни* и не ги слушаат моите зборови‘ “.+

Фусноти

Буквално: „на сите ќе им зуи во ушите“.
Буквално: „во срцето“.
Или: „тврдоврати“. Буквално: „ја стврднуваат шијата (вратот)“.