Еремија 20:1-18
20 А Пасхор, синот на Имер,+ свештеникот, кој беше главен надзорник во Јеховиниот дом,+ го слушаше Еремија додека ги изговараше тие пророчки зборови.
2 Тогаш Пасхор го удри пророкот Еремија+ и го стави во клада+ кај горната Венијаминова Порта, која беше во Јеховиниот дом.
3 А утредента, кога Пасхор го пушти Еремија од кладата,+ Еремија му рече:
„Јехова повеќе нема да те нарекува+ Пасхор, туку Магор-Мисавив.*+
4 Зашто, вака вели Јехова: ‚Еве, ќе направам да бидеш страв за самиот себе и за сите што те сакаат. Тие ќе паднат од мечот на своите непријатели,+ а твоите очи ќе го гледаат тоа.+ Целиот народ на Јуда ќе го предадам во раката на вавилонскиот цар и тој ќе го одведе во изгнанство во Вавилон и ќе го погуби со меч.+
5 Сѐ што се чува во овој град, сиот негов стекнат имот, и сите негови скапоцености, и сите блага на царевите на Јуда ќе ги предадам во раката на нивните непријатели.+ Сето тоа тие ќе го опљачкаат, ќе го ограбат и ќе го однесат во Вавилон.+
6 А ти, Пасхоре, ќе отидеш во заробеништво+ со сите што живеат во твојата куќа. Во Вавилон ќе дојдеш и таму ќе умреш и таму ќе бидеш погребан, ти и сите што те сакаат,+ зашто лажно им пророкуваше‘ “.+
7 Ти ме измами, Јехова, јас сум измамен! Ја употреби својата сила против мене и ме надвладеа.+ Ми се смеат по цел ден, секој ми се потсмева.+
8 Зашто, кога и да проговорам, викам за помош. За насилство и за пустошење викам.+ Зашто, Јеховината реч мене ми е за срам, поради неа ми се потсмеваат по цел ден.+
9 И реков: „Нема повеќе да го спомнувам и нема повеќе да зборувам од негово име“.+ Но во моето срце неговата реч беше како распламтен оган, затворен во моите коски, па не можев повеќе да молчам, не можев да издржам.+
10 Зашто, чув зли гласови од мнозина.+ Страв владееше насекаде. „Кажете нешто против него, за да можеме и ние да зборуваме против него!“+ Сите смртни луѓе што ме поздравуваат со „Мир!“, сите чекаат да направам некаков погрешен чекор+ и велат: „Можеби ќе се измами,+ па ќе го надвладееме и ќе му се одмаздиме“.
11 Но Јехова беше со мене+ како страшен јунак.+ Затоа моите прогонители ќе се сопнат и нема да надвладеат.+ Ќе бидат многу посрамени, зашто ќе немаат успех. Нивното вечно понижување нема да се заборави.+
12 А ти, о Јехова над војските, го испитуваш праведникот,+ ги гледаш бубрезите* и срцето.+ Дозволи ми да видам како им се одмаздуваш,+ зашто пред тебе ја изнесов својата парница!+
13 Пејте му на Јехова! Фалете го Јехова! Зашто, ја избави душата на сиромавиот од раката на злосторниците.+
14 Проклет да е денот во кој се родив! Без благослов да остане денот во кој ме родила мајка ми!+
15 Проклет да е човекот што му ја донел веста на татко ми: „Ти се роди син, машко“, и со тоа го израдувал.+
16 Тој човек нека биде како градовите кои Јехова без милост ги уништи.+ Нека чуе викање наутро и знак за тревога напладне.+
17 Зошто не ме убил уште во утробата на мајка ми, па мајка ми ќе станеше мојот гроб, а нејзината утроба ќе беше трудна довека?+
18 Зошто излегов од утробата+ да гледам мака и тага+ и мојот живот да заврши во срам?+