Еремија 22:1-30

22  Вака вели Јехова: „Појди во дворецот на царот на Јуда и објави ја таму оваа реч!  Кажи: ‚Чуј ја Јеховината реч, царе на Јуда, кој седиш на престолот Давидов,+ ти и твоите слуги и твојот народ, кои влегуваат низ овие порти.+  Вака вели Јехова: „Спроведувајте правда и покажувајте праведност, и избавете го опљачканиот од раката на пљачкашот! Не малтретирајте ги дојденецот, детето без татко и вдовицата!+ Не угнетувајте ги!+ И не пролевајте невина крв на ова место!+  Зашто, ако навистина ја извршите оваа реч, тогаш низ портите на овој дом ќе влезат цареви, кои седат на Давидовиот престол,+ се возат во коли и јаваат на коњи, тие и нивните слуги и нивниот народ“ ‘.+  ‚Но, ако не ги послушате овие зборови, се колнам во себе‘,+ вели Јехова, ‚дека овој дворец ќе стане урнатина.‘+  Зашто, вака вели Јехова за домот на царот на Јуда: ‚Ти си ми како Галад, врв ливански.+ Но, навистина, ќе те претворам во пустина,+ а градовите ќе останат без жители.+  И ќе ги подготвам* против тебе оние што донесуваат пропаст,+ секој со неговото оружје,+ и тие ќе ги исечат твоите најдобри кедри+ и ќе ги фрлат во оган.+  Многу народи ќе поминуваат покрај овој град и ќе си велат еден на друг: „Зошто Јехова му направи така на овој голем град?“+  Ќе им се одговори: „Затоа што го оставија сојузот на Јехова, својот Бог,+ и им се клањаа на други богови и им служеа“ ‘.+ 10  Не оплакувајте го умрениот,+ не сожалувајте го! Плачете горко за оној што заминува во изгнанство, зашто никогаш повеќе нема да се врати и нема повеќе да ја види земјата на својот род! 11  Зашто, вака вели Јехова за Салум,*+ синот на Јосија, царот на Јуда, кој царува наместо Јосија, својот татко,+ и кој замина од ова место: ‚Никогаш повеќе нема да се врати ваму. 12  Ќе умре во местото каде што го одведоа во изгнанство, а оваа земја нема никогаш повеќе да ја види‘.+ 13  Тешко на оној што ја гради својата куќа,+ но не праведно, и своите горни одаи, но не по правдата, туку го користи својот ближен, кој му служи без пари и кому не му дава плата!+ 14  Тој вели: ‚Ќе си изградам голема куќа и пространи горни одаи.+ Затоа ќе ги зголемам своите прозорци, ќе ги обложам ѕидовите со кедар+ и ќе ги намачкам со црвена боја‘.+ 15  Ќе царуваш ли и понатаму кога се расфрлаш со кедровина? Нели татко ти јадеше и пиеше и го правеше она што е право и праведно?+ Затоа му беше добро.+ 16  Го бранеше правото на страдалникот и на сиромавиот.+ Затоа му беше добро. ‚Зар тоа не значи човек да ме познава мене?‘ — вели Јехова. 17  ‚Но твоите очи и твоето срце одат само по неправедна добивка,+ и за да ја пролеат крвта на невиниот,+ да измамуваат и да изнудуваат.‘ 18  Затоа, вака вели Јехова за Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда: ‚Него нема да го оплакуваат: „Леле, брате мој! Леле, сестро моја!“ Него нема да го оплакуваат: „Леле, господару! Леле, негово височество!“+ 19  Ќе го закопаат како што се закопува магаре+ — ќе го одвлечкаат и ќе го фрлат надвор, пред ерусалимските порти‘.+ 20  Качи се на Ливан+ и викај! На Васан+ пушти го својот глас! Викај од Аварим,+ зашто се скршени сите оние што те сакаат!+ 21  Ти зборував додека беше безгрижен,+ а ти рече: ‚Нема да послушам!‘+ Таков беше твојот пат од твојата младост, зашто не го послуша мојот глас.+ 22  Ветрот ќе им биде пастир на сите твои пастири,+ а оние што те сакаат ќе отидат во заробеништво.+ Тогаш ќе се посрамиш и ќе се понижиш поради сета своја неволја.+ 23  Ти, кој престојуваш во Ливан+ и си се вгнездил во кедрите,+ ќе офкаш силно кога ќе те фатат породилни маки,+ родилни болки како кај родилка!“+ 24  „ ,Како што сум жив јас‘, вели Јехова, ‚да беше Хониј,*+ синот на Јоаким,+ царот на Јуда, печатен прстен+ на мојата десница, ќе го истргав од прстот!+ 25  Ќе го дадам во раката на оние што ја бараат неговата душа,+ во раката на оние од кои се плаши, во раката на Навуходоносор, царот на Вавилон, и во раката на Халдејците.+ 26  И ќе ги фрлам него и мајка му,+ која го родила, во друга земја, во која не се родиле, и таму ќе умрат.+ 27  А во земјата, по која ќе им копнее душата за да се вратат во неа, нема да се вратат.+ 28  Зар тој човек, Хониј,+ е некаков презрен и разбиен сад,+ или сад што никој не го сака?+ Зошто мораат тој и неговото потомство да бидат соборени и фрлени во земја што не ја познаваат?‘+ 29  О земјо, земјо, земјо, чуј ја Јеховината реч!+ 30  Вака вели Јехова: ‚Запишете за овој човек дека нема деца,+ дека е човек кој нема да успее во животот, зашто ниту еден од неговите потомци+ нема да седне на Давидовиот престол+ и никогаш нема да владее во Јуда!‘ “

Фусноти

Буквално: „посветам“.
Или: „Јоахаз“.
Или: „Јехонија“. Во 2Ца 24:6⁠-15 „Јоахин“. Внук на Јосија.