Еремија 24:1-10

24  Јехова ми покажа, и гледај: две кошници со смокви беа поставени пред Јеховиниот храм, откако Навуходоносор, вавилонскиот цар, ги одведе во изгнанство Јехонија,*+ синот на Јоаким,+ царот на Јуда, и кнезовите на Јуда, занаетчиите+ и градителите на бедеми, и од Ерусалим ги доведе во Вавилон.+  Во едната кошница имаше многу добри смокви, како што се раните смокви,+ а во другата кошница имаше многу лоши смокви, толку лоши што не можеа да се јадат.  И Јехова ми рече: „Што гледаш, Еремија?“ Јас одговорив: „Смокви. Добрите смокви се многу добри, а лошите се многу лоши — толку лоши што не можат да се јадат.“+  Тогаш ми дојде Јеховината реч:  „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Како што се добри овие смокви така во мои очи ќе бидат добри и изгнаниците на Јуда,+ кои ќе ги испратам од ова место во халдејската земја.+  И ќе ги свртам кон нив своите очи за да им направам добро+ и ќе ги вратам во оваа земја.+ Ќе ги изградам и нема да ги урнам, ќе ги засадам и нема да ги искорнам.+  Ќе им дадам срце за да ме познаваат,+ дека јас сум Јехова. И ќе бидат мој народ,+ а јас ќе бидам нивни Бог, зашто ќе се вратат кај мене со сето свое срце.+  Но, како со лошите смокви што се толку лоши што не можат да се јадат‘,+ вели Јехова, ‚така ќе постапам со Седекија,+ царот на Јуда, и со неговите кнезови и со остатокот на Ерусалим што ќе остане во оваа земја+ и со оние што живеат во египетската земја.+  Ќе предизвикам да бидат ужасна глетка и неволја за сите земни царства,+ и да бидат за потсмев и да ги спомнуваат со презир,* да бидат за подбив+ и проклетство+ по сите места каде што ќе ги расеам.+ 10  И ќе испраќам врз нив меч,+ глад+ и помор+ додека не ги истребам од земјата што им ја дадов ним и на нивните татковци‘ “.+

Фусноти

Во 22:24, 28; 37:1 „Хониј“, а во 2Ца 24:8 „Јоахин“.
Буквално: „и за изрека (пословица)“.