Еремија 34:1-22

34  Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова, кога Навуходоносор, царот на Вавилон,+ и сета негова војска+ и сите земни царства што беа под негова власт+ и сите народи се бореа против Ерусалим и против сите градови околу него:+  „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Оди и речи му го ова на Седекија, царот на Јуда:+ „Вака вели Јехова: ‚Еве, ќе го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар,+ и тој ќе го изгори со оган.+  А ти нема да ѝ избегаш на неговата рака, туку ќе бидеш фатен и предаден во неговите раце.+ Очи в очи ќе го гледаш царот на Вавилон,+ и тој ќе зборува со тебе лице в лице, и ќе отидеш во Вавилон‘.  Но чуј ја Јеховината реч, о Седекија, царе на Јуда:+ ‚Вака вели Јехова за тебе: „Нема да загинеш од меч.  Ќе умреш во мир.+ И како што им гореа мирисливи материи во чест на твоите татковци, на некогашните цареви што беа пред тебе,+ така и во твоја чест ќе горат мирисливи материи+ и ќе тажат за тебе:+ ‚Леле, господару!‘+ — зашто ‚јас реков така‘, вели Јехова“ ‘ “ ‘ “.  И пророкот Еремија му ги кажа на Седекија, царот на Јуда, сите тие зборови+ во Ерусалим,  кога војската на вавилонскиот цар се бореше против Ерусалим и против сите градови на Јуда што беа преостанале+ — против Лахис+ и против Азика.+ Зашто, уште само тие утврдени градови+ преостанаа од градовите на Јуда.+  Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова, откако цар Седекија склучи сојуз со сиот народ во Ерусалим за да им прогласи слобода,+  за секој да го ослободи својот слуга и својата слугинка, Евреин+ и Еврејка, за повеќе да не им бидат слуги други Евреи,* кои им се браќа.+ 10  И послушаа сите кнезови+ и сиот народ што стапи во тој сојуз, па секој ги ослободи својот слуга и својата слугинка, за повеќе да не им бидат слуги. Послушаа и ги отпуштија.+ 11  А потоа се премислија+ и повторно ги зедоа слугите и слугинките што ги беа ослободиле, па ги присилија да им бидат слуги и слугинки.+ 12  Тогаш му дојде Јеховината реч на Еремија. Јехова му рече: 13  „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Јас склучив сојуз со вашите татковци+ во денот кога ги изведов од египетската земја,+ од домот каде што беа слуги,+ велејќи: 14  „Кога ќе се навршат седум години, секој од вас нека го отпушти својот брат,+ Евреин,+ кој му се продал+ и кој му служел шест години! Отпуштете го откај вас да си оди слободен“. Но вашите татковци не ме слушаа и не го приклонија увото.+ 15  А вие сега се обративте и го направивте она што е право во мои очи, секој прогласувајќи му слобода на својот ближен, и склучивте сојуз пред мене+ во домот што го носи моето име.+ 16  А потоа се премисливте+ и го осквернивте моето име,+ бидејќи секој пак ги зеде својот слуга и својата слугинка, кои ги бевте отпуштиле за да одат слободно каде што им душа сака, и ги присиливте да ви бидат слуги и слугинки‘.+ 17  Затоа, вака вели Јехова: ‚Не ме послушавте за да му објавите слобода+ секој на својот брат и на својот ближен. Еве, јас ќе ви објавам слобода вам‘,+ вели Јехова, ‚така што ќе ве предадам на меч,+ на помор+ и на глад,+ и ќе направам да бидете ужасна глетка за сите земни царства.+ 18  А луѓето што го престапија мојот сојуз,+ затоа што не ја извршија речта на сојузот што го склучија со мене така што го расекоа телето надве,+ па поминаа меѓу половините+ 19  — кнезовите на Јуда и кнезовите на Ерусалим,+ дворјаните и свештениците и сиот народ,* сите што поминаа меѓу половините од телето — 20  нив ќе ги предадам во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние што ја бараат нивната душа,+ и нивните мртви тела ќе им бидат храна на небесните птици и на земните ѕверови.+ 21  Седекија, царот на Јуда,+ и неговите кнезови ќе ги предадам во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние што ја бараат нивната душа и во рацете на војската на вавилонскиот цар+ што се повлекува откај вас‘.+ 22  ‚Еве, ќе дадам заповед‘, вели Јехова, ‚и ќе ги вратам против овој град,+ и тие ќе се борат против него, па ќе го освојат и ќе го изгорат со оган.+ А градовите на Јуда ќе ги претворам во ненаселена пустош.‘ “+

Фусноти

Или: „Јудејци“.
Буквално: „народ од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).