Еремија 37:1-21

37  Цар Седекија,+ синот на Јосија,+ почна да царува наместо Хониј,+ синот на Јоаким.+ Навуходоносор, вавилонскиот цар, го постави за цар во земјата на Јуда.+  Но, ни тој, ни неговите слуги, ни народот* не ги слушаа зборовите на Јехова+ кои тој ги кажуваше преку пророкот Еремија.+  Цар Седекија ги испрати Јехухал,+ синот на Селемија, и Софонија,+ синот на свештеникот Маасија,+ кај пророкот Еремија, со пораката: „Те молам, помоли му се за нас на Јехова, нашиот Бог!“+  А Еремија се движеше слободно меѓу народот,+ бидејќи уште не беше фрлен в затвор.  Војската на фараонот излезе од Египет.+ И Халдејците што го опсадуваа Ерусалим ја слушнаа веста за тоа, па се повлекоа од Ерусалим.+  Тогаш на пророкот Еремија му дојде Јеховината реч:  „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Вака речете му на царот на Јуда, кој ве испрати кај мене за да ме прашате за совет:+ „Еве, војската на фараонот што ви доаѓа на помош ќе се врати во својата земја, во Египет.+  Халдејците ќе се вратат и ќе го нападнат овој град. И ќе го освојат, и ќе го изгорат со оган“.+  Вака вели Јехова: „Не лажете ги своите души,+ велејќи: ‚Халдејците ќе си отидат откај нас‘, зашто нема да си отидат! 10  Кога би ја убиле и целата халдејска војска, која се бори со вас,+ и кога од неа би останале само ранетите,+ тие би станале, секој од својот шатор, и би го изгореле овој град со оган“ ‘ “. 11  Кога се повлече халдејската војска од Ерусалим+ поради војската на фараонот,+ 12  Еремија сакаше да замине од Ерусалим во земјата на Венијамин+ за таму да добие земја меѓу своите. 13  А кога стигна до Венијаминовата Порта,+ таму беше заповедникот на стражата по име Ереј, синот на Селемија, син на Ананија. Тој го запре пророкот Еремија, велејќи: „Ти сакаш да пребегаш кај Халдејците!“ 14  А Еремија рече: „Не е точно!+ Не сакам да пребегам кај Халдејците“. Но Ереј не го слушаше, туку го фати Еремија и го одведе кај кнезовите. 15  А кнезовите+ се разлутија на Еремија,+ па го истепаа+ и го затворија+ во куќата на писарот Јонатан,+ бидејќи неговата куќа ја беа претвориле во затвор.+ 16  Така Еремија се најде во подрумот*+ од таа куќа, во една од просториите. Еремија остана таму многу дни. 17  Тогаш цар Седекија испрати луѓе и го доведе кај себе. Во својата куќа, на скришно место, царот го праша:+ „Има ли некаква порака од Јехова?“ Тогаш Еремија рече: „Има!“ И додаде: „Ќе бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар!“+ 18  Потоа Еремија му рече на цар Седекија: „Што сум ви згрешил тебе и на твоите слуги и на овој народ,+ па ме фрливте во темница? 19  Каде се сега вашите пророци кои ви пророкуваа: ‚Вавилонскиот цар нема да дојде против вас, ниту против оваа земја‘?+ 20  А сега, те молам, царе, господару мој, послушај ме! Послушај ја, те молам, мојата молба за милост!+ Немој да ме испратиш назад во куќата на писарот Јонатан,+ за да не умрам таму!“+ 21  Тогаш цар Седекија издаде заповед, па го ставија Еремија в затвор во Стражарскиот Двор.+ Таму секој ден добиваше по еден тркалезен леб од пекарската улица,+ сѐ додека не снема леб во градот.+ Така Еремија остана во Стражарскиот Двор.+

Фусноти

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Или: „резервоарот“.