Еремија 42:1-22

42  Тогаш сите воени заповедници и Јоанан,+ синот на Кареја, и Језанија,*+ синот на Осаја,+ како и сиот народ, од најмал до најголем, пристапија  и му рекоа на пророкот Еремија: „Слушни ги нашите молби за милост! Моли му се за нас на Јехова, својот Бог,+ за сиот овој остаток, зашто останавме малку од големиот број,+ како што гледаш и самиот.  Јехова, твојот Бог, нека ни каже по кој пат да одиме и што да правиме“.+  Тогаш пророкот Еремија им рече: „Ќе ве послушам. Еве, ќе му се молам на Јехова, вашиот Бог, според вашите зборови,+ и ќе ви го кажам секој збор со кој ќе ви одговори Јехова.+ Нема да ви премолчам ниту еден збор“.+  А тие му рекоа на Еремија: „Јехова нека биде вистинит и веродостоен сведок против нас+ ако сосема не постапиме според зборовите што Јехова, твојот Бог, ќе ни ги испрати по тебе.+  Било да е добар било да е лош гласот од Јехова, нашиот Бог, при кого те праќаме, ние ќе го послушаме, за да ни биде добро поради тоа што го слушаме гласот на Јехова, нашиот Бог“.+  По десет дена, Јеховината реч му дојде на Еремија.+  Затоа тој ги повика Јоанан, синот на Кареја, сите воени заповедници што беа со него и сиот народ, од најмал до најголем,+  и им рече: „Вака вели Јехова, Богот на Израел, кај кого ме испративте за да ја изнесам пред него вашата молба за милост:+ 10  ‚Ако останете во оваа земја,+ јас ќе ве изградам и нема да ве разурнам, ќе ве посадам и нема да ве искорнам,+ зашто ќе зажалам што ви нанесов неволја.+ 11  Не плашете се од вавилонскиот цар, од кого страхувате‘.+ ‚Не плашете се од него,‘+ вели Јехова, ‚зашто јас сум со вас за да ве спасам и да ве избавам од неговата рака.+ 12  Јас ќе ви покажам милост, и тој ќе ви се смилува и ќе ве врати во вашата земја.+ 13  Но, ако речете: „Не, нема да останеме во оваа земја“, и не го послушате гласот на Јехова, својот Бог,+ 14  туку кажете: „Не, туку ќе одиме во египетската земја,+ каде што нема повеќе да видиме војна, каде што нема да го чуеме звукот на рог и каде што нема да бидеме гладни за леб, и таму ќе живееме“,+ 15  тогаш чујте ја Јеховината реч, вие кои сте остаток од Јуда! Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Ако решите да одите во Египет, и навистина отидете за да живеете таму,+ 16  тогаш мечот од кој се плашите ќе ве стигне во египетската земја+ и гладот од кој се плашите ќе оди по вас во Египет,+ и таму ќе умрете.+ 17  И сите што ќе решат да одат во Египет за да живеат таму, ќе загинат од меч, од глад и од помор,+ и никој нема ниту да преживее ниту да побегне од неволјата што ќе им ја нанесам“ ‘.+ 18  Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Како што мојот гнев и мојата јарост се излеаја врз жителите на Ерусалим+ така ќе се излее мојата јарост врз вас ако отидете во Египет, и ќе бидете пример што се користи во клетви и грозна глетка, пример за проклетство и предмет на потсмев,+ и никогаш повеќе нема да го видите ова место‘.+ 19  Јехова ве опоменува вас, кои сте остаток од Јуда. Не одете во Египет!+ Знајте добро дека денес бев сведок против вас,+ 20  дека направивте престап против своите души,+ бидејќи ме испративте кај Јехова, вашиот Бог, велејќи: ‚Моли му се за нас на Јехова, нашиот Бог, и сѐ што ќе рече Јехова, нашиот Бог, кажи ни го онака како што го рекол тој, и ние ќе направиме така!‘+ 21  Јас ви зборувам денес, но вие нема да го послушате гласот на Јехова, својот Бог, ниту што и да било од она за кое ме испрати кај вас.+ 22  Затоа, знајте добро дека ќе загинете од меч,+ од глад и од помор во местото каде што сакате да одите за да живеете таму“.+

Фусноти

Во 2Ца 25:23 „Јазанија“; во Ере 43:2 „Азарија“.