Еремија 43:1-13
43 Кога Еремија му ги кажа на народот сите тие зборови од Јехова, нивниот Бог, кои им ги испрати Јехова, нивниот Бог, преку него,+
2 Азарија, синот на Осаја,+ и Јоанан,+ синот на Кареја, и сите дрски луѓе+ му рекоа на Еремија: „Зборуваш лага!+ Не те испратил Јехова, нашиот Бог, да речеш: ‚Не одете во Египет за да живеете таму!‘+
3 — туку Варух,+ синот на Нирија, те наговорил да нѐ предадеш во рацете на Халдејците, за да нѐ убијат или да нѐ одведат во изгнанство во Вавилон“.+
4 И Јоанан, синот на Кареја, и сите воени заповедници и сиот народ не го послушаа Јехова,+ кој им рече да останат во земјата на Јуда.+
5 Така Јоанан, синот на Кареја, и сите воени заповедници го поведоа целиот остаток од Јуда, кој се беше вратил откај сите народи меѓу кои беше расеан за да живее во земјата на Јуда:+
6 мажите, жените, децата, ќерките на царот+ и сите души што Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, ги беше оставил кај Годолиј,+ синот на Ахикам,+ син на Сафан,+ и пророкот Еремија и Варух,+ синот на Нирија.
7 И дојдоа во египетската земја,+ бидејќи не го послушаа гласот на Јехова. И стигнаа до Тафнис.+
8 Тогаш му дојде Јеховината реч на Еремија во Тафнис:
9 „Земи во рацете големи камења и пред очите на сите Јудејци* покриј ги со малтер на терасата направена од тули што се наоѓа на влезот од фараоновиот дом во Тафнис.+
10 И речи им: ‚Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Еве, ќе го испратам по Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ својот слуга.+ Ќе го доведам и ќе го поставам неговиот престол на овие камења што ги покрив, и тој ќе го распне својот раскошен шатор над нив.
11 Ќе дојде и ќе удри на египетската земја.+ Секој што е за смртоносен помор, ќе умре од помор. Секој што е за заробеништво, ќе отиде во заробеништво. Секој што е за меч, ќе падне од меч.+
12 Ќе запалам оган во храмовите на египетските богови.+ Тој ќе ги изгори и ќе ги одведе во заробеништво и ќе се наметне со египетската земја, како што овчарот се наметнува со својата облека,+ и мирно ќе замине оттаму.
13 И ќе ги испокрши столбовите во Вет-Семес,* кој е во египетската земја, а храмовите на египетските богови ќе ги изгори со оган“ ‘ “.