Еремија 44:1-30

44  Ова е речта што му дојде на Еремија за сите Јудејци* што живееја во египетската земја,+ кои живееја во Мигдол,+ во Тафнис,+ во Ноф*+ и во земјата Патрос:+  „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Вие ја видовте сета неволја што им ја нанесов на Ерусалим+ и на сите градови на Јуда и, еве, денес тие се пустош и во нив нема жители.+  Тоа се случи поради злото што го направивте за да ме навредувате така што одевте и ги горевте приносите+ и им служевте на други богови кои порано не ги познававте ниту вие ниту вашите татковци.+  А јас ви ги праќав сите свои слуги, пророците, станував рано и ги испраќав,+ велејќи: „Не правете ги, ве молам, тие гадости што ги мразам!“+  Но вие не слушавте+ и не го приклонивте увото за да се откажете од својата злоба и да престанете да им горите приноси на други богови.+  Затоа се излеа мојата лутина, и мојот гнев, и се распламте по градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим,+ па беа претворени во пустош и во урнатини, какви што се и денес‘.+  Вака вели Јехова, Богот над војските, Богот на Израел: ‚Зошто си навлекувате голема неволја на своите души?+ Зошто да бидат истребени од Јуда и мажите, и жените, и децата, и доенчињата,+ па од вас да не остане ни остаток?  Вие ме навредувате со делата на своите раце кога им горите приноси на други богови+ во египетската земја, во која дојдовте да живеете? Затоа ќе бидете истребени и ќе станете пример што се користи во клетви и предмет за потсмев меѓу сите народи на земјата.+  Зар ги заборавивте злите дела на своите татковци,+ злите дела на царевите на Јуда+ и злите дела на нивните жени,+ и своите зли дела и злите дела на вашите жени,+ кои се правеа во земјата на Јуда и по улиците на Ерусалим? 10  До ден-денеска не се покајавте,+ не се исплашивте+ и не живеевте* според мојот закон+ и според моите одредби што ги ставив пред вас и пред вашите татковци‘.+ 11  Затоа, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Еве, ќе се свртам против вас, на ваше зло, за да го истребам сиот народ на Јуда.+ 12  И ќе го земам остатокот од Јуда, оние што решија да одат во египетската земја за да живеат таму,+ и сите тие ќе изгинат во египетската земја.+ Ќе паднат од меч, ќе изгинат од глад,+ од најмал до најголем, ќе изумрат од меч и од глад. И ќе станат пример што се користи во клетви и грозна глетка, пример за проклетство и предмет на потсмев.+ 13  Ќе се пресметам со оние што живеат во египетската земја, како што се пресметав со Ерусалим: со меч, со глад и со помор.+ 14  Остатокот од Јуда, кој отиде во египетската земја за да живее таму,+ нема да побегне и нема да преживее за да се врати во земјата на Јуда по која душата му копнее да се врати во неа и да живее таму.+ Нема да се врати, освен некои што ќе побегнат‘ “. 15  Тогаш сите мажи што знаеја дека нивните жени им горат приноси на други богови,+ и сите жени што стоеја во големото мноштво и сиот народ што живееше во египетската земја,+ во Патрос,+ му одговорија на Еремија: 16  „Зборот што ни го кажа во Јеховино име нема да го послушаме,+ 17  туку ќе правиме според секој збор што излезе од нашите усти:+ ќе ѝ гориме приноси на ‚царицата на небесата‘+ и нејзе ќе ѝ излеваме жртви налевници,+ како што правевме ние+ и нашите татковци,+ нашите цареви+ и нашите кнезови по градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим. Тогаш бевме сити со леб и ни беше добро и не доживувавме никакви неволји.+ 18  А откако престанавме да ѝ гориме приноси на ‚царицата на небесата‘+ и да ѝ излеваме жртви налевници, скудни сме во сѐ и гинеме од меч и од глад.+ 19  Кога ѝ гориме приноси на ‚царицата на небесата‘+ и ѝ излеваме жртви налевници,+ зарем без согласност од своите мажи правиме жртвени колачи со нејзиниот лик и излеваме жртви налевници?“+ 20  Тогаш Еремија му рече на сиот народ, на мажите и на жените и на сите луѓе што му зборуваа така: 21  „Зар не се сети Јехова и зарем не му дојде на ум*+ тоа што горевте приноси по градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим,+ вие+ и вашите татковци,+ вашите цареви+ и вашите кнезови+ и народот?* 22  На крајот, Јехова не можеше повеќе да ги поднесува вашите зли дела и гадотиите што ги правевте.+ Затоа вашата земја е претворена во пустош, во грозна глетка и во проклетство, и остана без жители, а таква е и денес.+ 23  Поради тоа што горевте приноси+ и му грешевте на Јехова+ и не го послушавте гласот на Јехова+ и не живеевте* според неговиот закон+ и според неговите одредби и според неговите опомени,* ве снајде оваа неволја, каква што се гледа денес“.+ 24  Потоа Еремија им рече на сиот народ и на сите жени: „Чуј ја Јеховината реч, народе на Јуда, кој си во египетската земја!+ 25  Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Мажи, и вие, нивни жени!+ Вие, жени, со својата уста велите (а сите го правите тоа со своите раце): „Ќе се држиме за своите завети со кои се заветувавме+ дека ќе ѝ гориме приноси на ‚царицата на небесата‘+ и дека ќе ѝ излеваме жртви налевници“.+ Вие ќе се држите за своите завети и ќе го извршувате тоа што сте се заветувале‘. 26  Затоа, чуј ја Јеховината реч, народе на Јуда, кој живееш во египетската земја:+ ‚ „Еве, се заколнувам во своето велико име“,+ вели Јехова, „дека во целата египетска земја ќе нема повеќе ниту еден човек од Јуда чија уста би го изустила моето име,+ велејќи: ‚Како што е жив Севишниот Господар Јехова!‘+ 27  Еве, ќе бдеам над нив за нивно зло, а не за добро,+ и сиот народ на Јуда што е во египетската земја ќе гине од меч и од глад додека не исчезне.+ 28  А оние што ќе побегнат од мечот, ќе се вратат од египетската земја во јудејската земја, но ќе бидат малку.+ Тогаш сиот остаток на Јуда, кој отиде во египетската земја за да живее таму, ќе знае чиј збор се исполнил — мојот или нивниот“ ‘ “.+ 29  „ ,А ова нека ви биде знак‘,+ вели Јехова, ‚дека ќе ве казнам на ова место, за да знаете дека моите зборови ќе се исполнат, за ваше зло:+ 30  Вака вели Јехова: „Еве, ќе го предадам фараонот Вафриј, египетскиот цар,+ во рацете на неговите непријатели, во рацете на оние што ја бараат неговата душа,+ како што го предадов Седекија, царот на Јуда, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, неговиот непријател, кој ја бараше неговата душа.“ ‘ “+

Фусноти

Или: „Евреи“.
„Ноф“ е хебрејското име за Мемфис.
Буквално: „одевте“.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Буквално: „во срцето“.
Види ја фуснотата за Пс 119:2.
Буквално: „одевте“.