Еремија 48:1-47

48  Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел,+ за Моав:+ „Тешко на Нево,+ зашто е опустошен! Киријатаим+ е посрамен и освоен. Безбедната тврдина е посрамена и исплашена.+  Ја нема повеќе фалбата на Моав.+ Во Есевон+ му смислуваат зло: ‚Ајде да ги истребиме, за повеќе да не бидат народ!‘+ И ти, о Мадмене, молчи! Меч доаѓа по тебе.  Викотница се слуша од Хоронаим,+ пустошење и големо сотирање.  Моав е сотрен.+ Се разнесува викотницата на неговите деца.  Додека се искачуваат на Лухит,+ тие одат плачејќи — се разлева плач. Додека слегуваат од Хоронаим, се разлева лелек поради пропаста+ за која се расчу.  Бегајте, избавете ги своите души,+ бидете како смрека во пустина!+  Поради тоа што се надеваш на своите дела и на своето богатство, ќе бидеш освоен.+ Хемос+ ќе отиде во изгнанство+ со своите свештеници и со своите кнезови.+  Пустошникот ќе дојде во секој град,+ и ниту еден град нема да му избега.+ Долината ќе пропадне и рамницата ќе биде опустошена, како што рече Јехова.  Дајте му патоказ на Моав, зашто кога сѐ ќе се урне, тој ќе замине.+ Неговите градови ќе станат грозна глетка и никој нема да живее во нив.+ 10  Проклет да е оној што немарно ја извршува задачата што му ја доверил Јехова!+ Проклет да е оној што го задржува својот меч од крв! 11  Моавците се спокојни од својата младост,+ мирно лежат како вино на својот талог.+ Не се преточуваат од сад во сад, не одат во изгнанство. Затоа нивниот вкус остана во нив, нивниот мирис не се промени. 12  ‚Затоа, еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога ќе им ги испратам оние што превртуваат садови, и тие ќе ги превртат.+ Ќе ги испразнат нивните садови и ќе им ги испокршат ќуповите. 13  Моавците ќе се посрамат од Хемос,+ како што домот Израелов се посрами од Ветил на кој се надеваше.+ 14  Како се осмелувате да речете: „Ние сме јунаци,+ силни воини“?‘ 15  ‚Моав е опустошен, се крена непријател против неговите градови.+ Неговите најдобри момчиња слегуваат на колење‘,+ вели Царот, чие име е Јехова над војските.+ 16  Се ближи пропаста на Моавците, нивната неволја брзо ита.+ 17  Ќе ги сожалуваат сите што се околу нив, сите што го знаат нивното име.+ Речете: ‚Како се скрши цврстиот стап, прекрасната палка!‘+ 18  Слези од својата славна положба и седи жедна, о жителке, ќерко+ девонска!+ Зашто, пустошникот на Моав доаѓа против тебе. Ќе ги разурне твоите тврдини.+ 19  Застани и набљудувај го патот, жителке на Ароир!+ Прашај го оној што бега и онаа што бара спас! Прашај: ‚Што се случило?‘+ 20  Моав е посрамен, бидејќи го обзеде страв.+ Плачете горко и викајте! Објавете во Арнон+ дека Моав е опустошен! 21  Суд доаѓа над рамната земја,+ во Олон и во Јаса,+ против Мефат,+ 22  против Девон,+ против Нево,+ против Вет-Девлатаим, 23  против Киријатаим,+ против Вет-Гамул, против Вет-Меон,+ 24  против Кериот,+ против Восор+ и против сите градови во моавската земја, против оние што се далеку и против оние што се близу. 25  ‚Скршен му е рогот на Моав,+ раката му е скршена‘,+ вели Јехова. 26  ‚Опијте го,+ зашто се крена надмено против Јехова!+ Моав се тркала во својата блујавица,+ па сега и самиот им стана за потсмев на другите. 27  Зарем не ти беше Израел тебе за потсмев?+ Дали можеби беше затекнат во кражба?+ А ти подбивно мавташе со главата секогаш кога зборуваше за него. 28  Оставете ги градовите и живејте на стрмна карпа,+ жители на Моав, и бидете како гулаби што свиваат гнезда на стрмни карпи!‘ “+ 29  „Чувме за гордоста на Моав,+ дека е многу надуен, и за неговото возвишување, за неговата горделивост, за неговата надменост и за вообразеноста на неговото срце.“+ 30  „ ,Ја знам јас неговата јарост,‘ вели Јехова, ‚но нема да биде како што замислил тој. Ги познавам и неговите празни зборови+ — нема да се исполнат.+ 31  Затоа ќе плачам горко над Моав, ќе лелекам над сите Моавци.+ Зашто, ќе пиштат за луѓето од Кир-Ерес.+ 32  Над Јазер+ ќе плачам повеќе отколку над тебе, о лозо од Сивма!+ Твоите бујни ластари се протегаат преку морето. Стигаат до морето — до Јазер.+ Пустошникот се нафрлил на приносот од твоето летно овошје*+ и грозје.+ 33  Исчезнаа радоста и веселбата од овоштарниците и од моавската земја.+ Направив да исчезне виното во винските гмечала.+ Никој нема да го гази грозјето со радосни извици. Ќе се чујат извици, но не радосни.‘ “+ 34  „ ,Викотница се слуша од Есевон+ до Елеали,+ дури до Јаса+ се слушаат нивните гласови,+ и од Сигор+ до Хоронаим+ и до Еглат-Шелишиј,+ бидејќи водите на Нимрим+ се претворија во пустина. 35  Ќе ги истребам од Моав‘, вели Јехова, ‚оние што донесуваат жртви на обредните височинки и на својот бог му ги горат своите приноси.+ 36  Затоа моето срце ќе липа за Моав тажно како кавал.+ Ќе липа моето срце тажно како кавал за луѓето од Кир-Ерес.+ Затоа ќе пропадне изобилството што го стекнал.+ 37  Зашто, сите глави се избричени+ и сите бради се исечени.+ По сите раце има засеци,+ околу бедрата има козина!‘ “+ 38  „ ,На сите покриви во Моав и на неговите плоштади — насекаде — се слуша само тажење.+ Зашто, го разбив Моав како сад што никој не го сака‘,+ вели Јехова. 39  ‚Колку се исплаши! Плачете горко! О, како Моав се повлече! Посрамен е.+ Моав стана за потсмев и ужас за сите што се околу него.‘ “ 40  „Зашто, вака вели Јехова: ‚Еве, како орел што вратоломно се спушта на својот плен,+ така непријателот ќе ги рашири крилјата над Моав.+ 41  Градовите ќе бидат заземени, неговите тврдини ќе бидат освоени. Срцето на моавските јунаци во тој ден ќе биде како срцето на жена во породилни маки‘.“+ 42  „ ,Моав ќе биде сотрен како народ,+ бидејќи се крена надуено против Јехова.+ 43  Страв, јама и стапица те чекаат тебе, о жителу на Моав‘,+ вели Јехова. 44  ‚Кој ќе избега од страв, ќе падне во јама, а кој ќе излезе од јамата, ќе се фати во замка.‘+ ‚Зашто, нему, на Моав, ќе му дојде годината во која ќе го казнам‘,+ вели Јехова. 45  ‚Во сенката на Есевон запреа исцрпените бегалци. Зашто, оган ќе излезе од Есевон,+ пламен ќе излезе од градот на Сихон,+ и ќе ги проголта слепоочниците на Моав и темето на бунтовничките синови.‘+ 46  ‚Тешко тебе, о Моаве!+ Пропадна народот на Хемос.+ Зашто, твоите синови се одведени во заробеништво и твоите ќерки се одведени во заробеништво. 47  Но во последните денови ќе го соберам заробениот моавски народ‘,+ вели Јехова. ‚Довде е судот над Моав‘.“+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Са 16:1.