Еремија 50:1-46
50 Ова е речта што ја кажа Јехова за Вавилон,+ за халдејската земја,+ преку пророкот Еремија:
2 „Објавете меѓу народите и разгласете!+ Подигнете собирен знак!+ Разгласете! Не кријте ништо! Речете: ‚Вавилон е освоен.+ Вел е посрамен.+ Меродах е уплашен. Посрамени се вавилонските идоли.+ Исплашени се неговите одвратни идоли‘.*
3 Зашто, од север против него доаѓа народ+ кој ќе ја претвори неговата земја во грозна глетка, па никој нема да живее во неа.+ И луѓето и стоката бегаат+ и заминуваат“.+
4 „Во тие денови и во тоа време,“+ вели Јехова, „синовите на Израел и синовите на Јуда ќе дојдат заедно.+ Ќе одат плачејќи+ и ќе го бараат Јехова, својот Бог.+
5 Ќе те прашаат за патот кон Сион, таму ќе го насочуваат погледот,+ велејќи: ‚Дојдете, да стапиме со Јехова во траен сојуз, кој нема да се заборави!‘+
6 Мојот народ е стадо овци што гинат.+ Нивните пастири ги заведуваат.+ Бесцелно ги водат по планините,+ па лутаат по планините и по ридовите, го заборавиле своето почивалиште.+
7 Сите што ќе ги најдат ги проголтуваат,+ нивните непријатели велат:+ ‚Нема да бидеме виновни,+ бидејќи тие му згрешија на Јехова — оној кај кого се наоѓа правдата,+ на Јехова — надежта на нивните татковци.‘ “+
8 „Бегајте од Вавилон, излезете од халдејската земја+ и бидете како предводници на стадото!+
9 Зашто, еве, ќе подигнам и ќе доведам против Вавилон мноштво големи народи од северната земја,+ и тие ќе се наредат за бој против него.+ Оттаму ќе биде освоен.+ Нивните стрели се како кај силен човек кој им ги убива децата на родителите и не се враќа без успех.+
10 Халдеја ќе стане плен.+ Сите што ќе ја опленат, ќе земат колку што сакаат“,+ вели Јехова.
11 „Зашто, вие се радувавте,+ извикувавте радосно пљачкајќи го моето наследство.+ Потскокнувавте како јуница во млада трева+ и ’ржевте како пастуви.+
12 Вашата мајка многу се засрами.+ Се разочара онаа што ве роди.+ Еве, најбезначајна е меѓу народите — безводна пустелија и пустина.+
13 Поради Јеховиниот гнев, нема да биде населена,+ сета ќе се запусти.+ Секој што ќе помине покрај Вавилон, ќе гледа вчудовидено и ќе потсвирнува од зачуденост поради сите негови неволји.+
14 Наредете се против Вавилон од сите страни,+ сите вие што оптегнувате лак!+ Стрелајте во него!+ Не штедете ги стрелите, зашто му згреши на Јехова!+
15 Огласете се со воен повик од сите страни!+ Тој ја подава раката!+ Паднаа неговите столбови. Се урнаа неговите ѕидишта.+ Зашто, тоа е Јеховина одмазда.+ Одмаздете му се! Направете му онака како што правеше тој!+
16 Истребете ги сејачите од Вавилон+ и оние што замавнуваат со срп во времето на жетва! Поради свирепиот меч, секој ќе се врати кај својот народ, секој ќе побегне во својата земја.+
17 Израел е залутана овца од стадо+ што го растераа лавовите.+ Првин го проголта асирскиот цар,+ а потоа Навуходоносор, царот на Вавилон, му ги изглода коските.+
18 Затоа, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Еве, ќе ги казнам вавилонскиот цар и неговата земја онака како што го казнив асирскиот цар.+
19 И ќе го вратам Израел на неговото пасиште+ и тој ќе пасе на Кармил+ и на Васан.+ По ридовите на Ефрем+ и на Галад+ ќе се наситува неговата душа.‘ “
20 „Во тие денови и во тоа време,“+ вели Јехова, „ќе го бараат престапот на Израел,+ но ќе го нема, и гревовите на Јуда,+ но нема да ги најдат, зашто ќе им простам на оние што ќе ги оставам.“+
21 „Против земјата Мератаим* — тргни против неа+ и против жителите на Пеход!+ Нека ги стигне колежот и истребувањето!“* — вели Јехова. „Направи сѐ како што ти заповедав!+
22 Воена викотница има во земјата и голема пропаст.+
23 О, како е соборен и скршен чеканот на целата земја!+ О, колку грозна глетка стана Вавилон меѓу народите!+
24 Ти поставив стапица, и ти се фати, Вавилоне, а не знаеше.+ Затекнат си и фатен, бидејќи му се спротивставуваше на Јехова.+
25 Јехова ја отвори својата оружарница и го извади оружјето на својата осуда.+ Зашто, Севишниот+ Господар, Јехова над војските, има работа во халдејската земја.+
26 Тргнете против неа од крајот на земјата!+ Отворете ги нејзините житници!+ Соберете го на куп сето тоа, како што се собира на куп жито,+ и уништете ја!*+ Никој да не остане во неа!+
27 Заколете ги сите нејзини млади бикови!+ Нека слезат на колење!+ Тешко ним, зашто им дојде денот, времето да бидат казнети!+
28 Се слушаат оние што бегаат, кои трчаат од вавилонската земја+ за да му јават на Сион за одмаздата на Јехова, нашиот Бог,+ одмаздата за неговиот храм.+
29 Повикајте стрелци против Вавилон, сите што оптегнуваат лак!+ Улогорете се околу него! Никој да не побегне!+ Платете му според неговите дела!+ Направете му точно така како што правеше тој!+ Зашто, дрско му се спротивстави на Јехова, Светецот на Израел.+
30 Затоа неговите момчиња ќе испопаѓаат по неговите плоштади+ и сите негови воини ќе изгинат* во тој ден“,+ вели Јехова.
31 „Еве, доаѓам против тебе,+ Горделивецу,“+ вели Севишниот+ Господар, Јехова над војските, „зашто ќе дојде твојот ден, времето да те казнам!
32 Горделивецот ќе се спрепне и ќе падне,+ и ќе нема кој да го подигне.+ Ќе запалам оган во неговите градови, и тој ќе ја проголта целата негова околина.“+
33 Вака вели Јехова над војските: „И синовите на Израел и синовите на Јуда се угнетени. Сите што ги заробија ги држат цврсто+ и не сакаат да ги пуштат.+
34 Моќен е нивниот Откупител,+ Јехова над војските му е името.+ Тој ќе ја води нивната парница+ за да ѝ донесе мир на земјата+ и за да ги збуни жителите на Вавилон“.+
35 „Меч доаѓа против Халдејците“,+ вели Јехова, „и против жителите на Вавилон,+ против неговите кнезови+ и против неговите мудреци.+
36 Меч доаѓа против оние што кажуваат празни зборови,+ и тие ќе постапат безумно.+ Меч доаѓа против неговите јунаци,+ и тие ќе се исплашат.+
37 Меч доаѓа против неговите коњи,+ против бојните коли и против сите туѓинци* што се среде него,+ и тие ќе станат како жени.+ Меч доаѓа против неговите ризници,+ па ќе бидат опљачкани.
38 Опустошување доаѓа против неговите води, и тие ќе пресушат.+ Зашто, тоа е земја на режани ликови.+ Луѓето полудуваат од своите застрашувачки виденија.
39 Затоа, таму ќе се населат животни што живеат во безводни подрачја и животни што завиваат, и ноевите ќе живеат во него.+ Никогаш повеќе нема да биде населен, ќе го нема повеќе во ниту едно идно поколение.“+
40 „Кога Бог ќе го разурне, како што ги разурна Содом и Гомор,+ и нивните соседни градови“,+ вели Јехова, „ниту еден човек нема да живее таму, ниту еден човечки син нема да се насели во него.+
41 Еве, ќе дојде народ од север, голем народ+ и велики цареви+ ќе се кренат од краиштата на земјата.+
42 Ќе носат лак и копје.+ Ќе бидат сурови и немилосрдни.+ Нивната викотница ќе биде како бучавата од морето.+ Ќе јаваат на коњи,+ наредени како еден за војна против тебе, вавилонска ќерко.+
43 Царот на Вавилон ја чу веста за нив,+ и рацете му премалеа.+ Го обзеде мака. Го фатија тешки болки, како кај родилка.+
44 Гледај, непријателот ќе излезе како лав од јорданските честаци и ќе ги нападне оние што се на пасиштата кои секогаш се зеленеат.+ За миг ќе ги натерам Вавилонците да избегаат од својата земја.+ А над нивната земја ќе го поставам својот избраник.+ Зашто, кој е како мене?+ Кој ќе ме предизвика?+ Кој пастир може да опстане пред мене?+
45 Затоа, чујте што наумил+ Јехова да направи против Вавилон+ и што замислил да направи против халдејската земја:+ најмалите од стадото ќе бидат одвлечкани.+ Поради нивните дела, тој ќе го опустоши нивното живеалиште.+
46 Од громогласниот пад на Вавилон, земјата ќе се затресе+ и викотница ќе се чуе меѓу народите.“+
Фусноти
^ Или: „лепешкави идоли“.
^ „Мератаим“ значи „двојна побуна“ или „двојно горчило“.
^ Или: „уништете ја како херем“.
^ Буквално: „ќе бидат замолчени“.
^ Буквално: „целото мешано мноштво; сета мешавина од народи“.