Еремија 7:1-34

7  Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова:  „Застани на портата на Јеховиниот дом и таму објави ја оваа реч.+ Кажи: ‚Чујте ја Јеховината реч, сите вие во Јуда, кои влегувате низ оваа порта за да му се поклоните на Јехова!  Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Поправете ги своите патишта и своите дела, па ќе ве оставам да престојувате на ова место!+  Не надевајте се на лажни зборови+ и не велете: ‚Храмот Јеховин, храмот Јеховин, ова е храмот Јеховин!‘  Зашто, ако навистина ги поправите своите патишта и своите дела, ако навистина судите праведно меѓу човек и неговиот ближен,+  ако не ги угнетувате дојденците, децата без татко и вдовиците,+ ако не пролевате невина крв на ова место+ и ако не одите по други богови на своја несреќа,+  тогаш ќе ве оставам да престојувате на ова место, во земјата што им ја дадов на вашите татковци за навек“ ‘ “.+  „А, еве, вие се надевате на лажни зборови — од тоа нема никаква корист.+  Можете ли да крадете,+ да убивате,+ да вршите прељуба,+ лажно да се заколнувате,+ на Ваал приноси да му горите+ и да одите по други богови, кои порано не ги познававте,+ 10  а потоа да дојдете и да застанете пред мене во овој дом, кој го носи моето име,+ и да речете: ‚Ќе бидеме избавени‘, иако ги правите сите тие гадости? 11  Зар овој дом, кој го носи моето име,+ стана во ваши очи разбојничка пештера?+ А јас го гледам сето тоа“, вели Јехова.+ 12  „ ,Но појдете на моето место, кое беше во Сило,+ каде што во почетокот одредив да престојува моето име,+ и погледнете што му направив поради злобата на својот народ Израел.+ 13  Затоа што ги направивте сите тие недела‘, вели Јехова, ‚и затоа што ви зборував, станував рано и ви зборував,+ но не слушавте,+ и ве повикував, но не се оѕвавте,+ 14  на домот што го носи моето име,+ а за кој се надевавте дека ќе ве заштити,+ и на местото што ви го дадов вам и на вашите татковци ќе му го направам истото што му го направив и на Сило.+ 15  Ќе ве отфрлам од своето лице,+ како што ги отфрлив сите ваши браќа, целото потомство на Ефрем‘.+ 16  А ти не моли се за овој народ и не кревај го својот глас барајќи помош упатувајќи ми молитви и молби за нив,+ зашто нема да те услишам!+ 17  Не гледаш ли што прават по градовите на Јуда и по улиците на Ерусалим?+ 18  Синовите собираат дрва, татковците палат оган, а жените месат тесто за да ѝ направат жртвени колачи на ‚царицата на небото‘.+ И им леат жртви налевници+ на други богови за да ме навредат.+ 19  ‚Зар ме навредуваат со тоа мене?‘ — вели Јехова.+ ‚Не се навредуваат ли самите себе, на свој срам?‘+ 20  Затоа вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, мојот гнев и мојата јарост се излеваат врз ова место,+ врз луѓето и врз стоката, врз полските дрвја+ и врз плодовите на земјата. Мојот гнев ќе гори и нема да угасне‘.+ 21  Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Своите цели жртви паленици додајте им ги на другите свои жртви и јадете месо!+ 22  Зашто, ништо не им реков на вашите татковци и ништо не им заповедав за целите паленици и за другите жртви во денот кога ги изведов од египетската земја.+ 23  Но ова им го заповедав: „Слушајте го мојот глас,+ и јас ќе бидам ваш Бог,+ а вие ќе бидете мој народ! Одете во сѐ по патот+ што ќе ви го одредам, за да ви биде добро!“ ‘+ 24  Но тие не слушаа и не го приклонија своето уво,+ туку се поведуваа по замислите на своето тврдокорно и злобно срце,+ па назадуваа наместо да напредуваат,+ 25  од денот кога вашите татковци излегоа од египетската земја до денес.+ А јас ви ги испраќав сите свои слуги, пророците, станував рано секој ден и ги испраќав.+ 26  Но овој народ не ме слушаше и не го приклонија своето уво,+ туку станаа непокорни.*+ Постапуваа полошо од нивните татковци!+ 27  Кажи им ги сите овие зборови,+ но тие нема да те слушаат. Викај ги, но тие нема да ти се оѕвијат.+ 28  Речи им: ‚Ова е народот кој не го слуша гласот на Јехова, својот Бог,+ и кој не прима поука.+ Ја снема верноста, исчезна од нивната уста‘.+ 29  Истрижи си ја нестрижената коса и фрли ја,+ па запеј тажачка+ на голите ридови, зашто јас, Јехова, го отфрлив+ поколението на кое се разгневив, и ќе го оставам!+ 30  ‚Зашто, синовите на Јуда го прават она што е зло во мои очи‘, вели Јехова. ‚Ги поставија своите одвратни идоли* во домот што го носи моето име, за да го осквернат.+ 31  Изградија обредни височинки во Тофет,+ кој е во долината на синовите на Еном,+ за да ги горат во оган своите синови и своите ќерки,+ нешто што никогаш не сум го заповедал, ниту некогаш ми дошло на ум‘.*+ 32  ‚Затоа, еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога тоа место нема повеќе да се вика Тофет и долина на синовите на Еном, туку долина на убивањето.+ И во Тофет ќе се погребуваат мртви, иако таму ќе нема повеќе место.+ 33  А мртвите тела на овој народ ќе бидат храна за небесните птици и за земните ѕверови, кои никој нема да ги плаши.+ 34  Ќе ги отстранам од градовите на Јуда и од улиците на Ерусалим гласот на радост и гласот на веселба, гласот на младоженец и гласот на невеста,+ зашто оваа земја ќе се претвори во пустош‘ “.+

Фусноти

Или: „тврдоврати“. Буквално: „ја стврднуваа шијата (вратот)“.
Буквално: „Ги поставија гадотиите“.
Буквално: „во срцето“.