Естира 1:1-22

1  Во деновите на Ахасвер*+ — на оној Ахасвер што владееше како цар над сто дваесет и седум покраини+ од Индија до Етиопија —  во оние денови кога цар Ахасвер седеше на својот царски престол+ во тврдината+ Суза,+  во третата година на своето царување, приреди кај себе гозба+ за сите свои кнезови и слуги, за војската на Персија+ и Медија,+ за достоинствениците+ и за кнезовите на покраините.+  И многу денови, односно сто и осумдесет дена, го покажуваше богатството+ на своето славно царство, како и величественоста и убавината на својата величина.  Кога поминаа тие денови, во градината во дворот на царската палата царот приреди седумдневна гозба за сите луѓе што се наоѓаа во тврдината Суза, од најголемиот до најмалиот.  Просторот беше украсен со ленена, памучна и со сина ткаенина+ прицврстена со врвци од фина преѓа, како и со ткаенина од црвеникаво-виолетова волна+ закачена со сребрени алки на мермерни столбови. На подот од порфир,* мермер, седеф и црн мермер имаше златни и сребрени софи.+  За пиење се служеше вино во најразлични златни садови,+ а царското вино+ го имаше во изобилство, како што и му прилега на еден цар.  Никој не беше со закон присилен да пие, бидејќи царот им нареди на сите управители на својот дворец да му угодуваат секому според неговата желба.  И царицата Астина+ приреди гозба за жените во царскиот дворец на цар Ахасвер. 10  На седмиот ден, кога срцето му беше весело од вино,+ цар Ахасвер им рече на Меуман, Висат, Арвона,+ Викта, Авакта, Зетар и Харкас, седуммина дворјани што му служеа+ нему, 11  да ја доведат пред него царицата Астина со царскиот турбан на глава за да им ја покаже на народите и на кнезовите нејзината убавина, зашто беше многу убава.+ 12  Но царицата Астина не сакаше+ да се оѕвие на царевиот повик, кој ѝ го пренесоа дворјаните. Тогаш царот многу се налути и пламна од гнев.+ 13  Царот им рече на мудреците,+ кои ја познаваа историјата (зашто така се изнесуваа царските работи пред сите што беа упатени во законот и правото, 14  а најблиски му беа Карсен, Сетар, Адмат, Тарсис, Мерес, Марсена и Мемукан, седум+ кнезови на Персија и Медија, кои имаа пристап до царот+ и седеа на првите места во царството): 15  „Според законот, како треба да се постапи со царицата Астина, зашто таа не го изврши она што ѝ го заповеда цар Ахасвер преку дворјаните?“ 16  Тогаш Мемукан+ рече пред царот и пред кнезовите: „Царицата Астина не му згреши само на царот+ туку им згреши и на сите кнезови и на сите народи што живеат во сите покраини на цар Ахасвер. 17  Зашто, за постапката на царицата ќе дознаат сите жени, па во нивни очи нивните мажи*+ ќе бидат презрени,+ зашто жените ќе речат: ‚Цар Ахасвер нареди да ја доведат пред него царицата Астина, но таа не дојде‘. 18  И уште на овој ден кнегињите на Персија и Медија, кои чуле за постапката на царицата, ќе им го велат тоа на сите кнезови на царот, така што ќе има многу презир и гнев.+ 19  Ако му е по волја на царот,+ тој нека издаде царска наредба, и таа нека се запише во законите+ на Персија и Медија, така што не ќе може да биде отповикана:+ Астина да не смее веќе да се појавува пред цар Ахасвер, а царот нека го предаде нејзиното царско достоинство на друга жена, подобра од неа. 20  И одлуката што ќе ја донесе царот нека се разгласи по целото негово царство, кое е многу големо, па сите жени ќе покажуваат почит+ кон своите мажи,+ како кон големите така и кон малите“. 21  Тој предлог им се допадна на царот+ и на кнезовите, и царот постапи според она што го кажа Мемукан. 22  Па испрати писма+ по сите свои покраини. На секоја покраина+ ѝ пиша со нејзиното писмо и на секој народ на неговиот јазик, за секој маж да биде господар во својот дом+ и да го зборува јазикот на својот народ.

Фусноти

Или: „Артаксеркс“. Се смета дека тоа бил Ксеркс I, синот на Дариј Велики (Дариј Хистасп).
Многу тврд камен, кој честопати има темна, виолетово-црвена боја и содржи кристали од фелдспат (вид глинеста руда).
Буквално: „сопственици (господари)“.