Естира 10:1-3
10 Цар Ахасвер им одреди на земјите и на морските острови+ присилна работа.+
2 А сите негови силни дела, неговата моќ и подробниот извештај за високата положба на Мардохеј,+ на која царот го возвиши,+ не е ли сето тоа запишано во летописите+ на медиските и персиските цареви?+
3 Зашто, Евреинот Мардохеј беше прв до цар+ Ахасвер и многу уважен меѓу Евреите, и стекна признание од мноштвото свои браќа со тоа што работеше за доброто на својот народ и го зборуваше она што придонесуваше за мирот+ на сите нивни потомци.