Естира 3:1-15

3  По овие настани, цар Ахасвер го возвиши Аман,+ синот на Амедата од племето на Агаг.+ Него го воздигна,+ а неговиот престол го постави над сите други кнезови што беа со него.+  И сите слуги на царот што беа при царската порта+ му се поклонуваа на Аман и паѓаа ничкум пред него, бидејќи така нареди царот. Но Мардохеј ниту му се поклонуваше ниту паѓаше ничкум пред него.+  А слугите на царот, кои беа при царската порта, му велеа на Мардохеј: „Зошто ја престапуваш царевата заповед?“+  И така, поради тоа што му зборуваа од ден на ден, а тој не ги слушаше, му јавија на Аман за да видат дали ќе му биде допуштено на Мардохеј да се однесува така,+ бидејќи им рече дека е Евреин.+  Кога виде дека Мардохеј не му се поклонува и не паѓа ничкум пред него,+ Аман се исполни со гнев.+  Но во негови очи не вредеше да дигне рака само на Мардохеј, зашто му кажаа од кој народ е Мардохеј. Затоа Аман почна да бара начин да ги истреби+ сите Евреи што живееја по целото царство на Ахасвер, односно народот на Мардохеј.+  Во првиот месец,+ односно во месецот нисан,* во дванаесеттата година+ на цар Ахасвер, пред Аман фрлија Пур,*+ односно ждрепка,+ и тоа го правеа за секој ден и за секој месец сѐ до дванаесеттиот месец, односно до месецот адар.*+  И Аман му рече на цар Ахасвер: „Во сите покраини на твоето царство+ има еден народ, распрснат+ меѓу народите и одвоен од нив. Неговите закони се разликуваат од законите на сите други народи, и тој народ не ги држи ни царските закони.+ Затоа не е добро царот да ги остави на мира.  Ако му е по волја на царот, нека се издаде писмен налог да бидат истребени, а јас ќе им избројам десет илјади+ таланти* сребро на рака на царските службеници+ да ги однесат во царската ризница“. 10  Тогаш царот го извади својот печатен прстен+ од раката и му го даде на Аман,+ синот на Амедата од племето на Агаг,+ непријателот на Евреите.+ 11  И царот му рече на Аман: „Ти се дава среброто,+ а и тој народ, па направи го со нив она што е добро во твои очи“.+ 12  Во првиот месец, на тринаесеттиот ден од тој месец, беа свикани царските писари+ и беше составен запис+ за сето она што им го заповеда Аман на царските сатрапи,* на управителите што беа над покраините+ и на кнезовите на различните народи, за секоја покраина со нејзиното писмо+ и за секој народ на неговиот јазик. Сѐ беше напишано во името+ на цар Ахасвер и запечатено со царевиот печатен прстен.+ 13  Потоа, по гласници+ беа испратени писма до сите царски покраини за да се истребат, да се убијат и да се сотрат сите Евреи — момци и старци, деца и жени — во еден ден,+ и тоа на тринаесеттиот ден од дванаесеттиот месец, односно од месецот адар,+ и да се заплени нивниот имот.+ 14  Препис од писмото, кое требаше да стане закон+ во сите покраини,+ им беше објавен на сите народи за да бидат подготвени за тој ден. 15  И гласниците тргнаа на пат. Се брзаа+ поради царевата заповед. Тој закон беше издаден и во тврдината Суза.+ А царот и Аман седнаа да пијат,+ додека во градот Суза+ владееше метеж.+

Фусноти

Адар е името на дванаесеттиот месец од еврејскиот верски календар. Види го додатокот 14.
„Пур“ значи „ждрепка“. „Пурим“ (множина) со текот на времето станал назив на еврејскиот празник кој се слави во дванаесеттиот месец од нивниот верски календар. Види го додатокот 14.
Види ја фуснотата за Не 2:1.
Види го додатокот 13.
Види ја фуснотата за Езр 8:36.