Естира 5:1-14

5  На третиот ден+ Естира се облече царски+ и застана во внатрешниот двор+ на царевиот дворец, спроти царевиот дворец, а царот седеше на својот царски престол во царевиот дворец, спроти влезот во дворецот.  И штом виде дека царицата Естира стои во дворот, таа најде милост+ во негови очи, и царот го испружи кон Естира златниот жезол,+ кој му беше во раката. А Естира се приближи и го допре врвот на жезолот.  Тогаш царот ѝ рече: „Каква желба имаш, царице Естира, и што бараш?+ Ако е тоа и половина од царството,+ ќе ти биде дадено!“  Естира одговори: „Ако му е по волја на царот, тој нека дојде денес заедно со Аман+ на гозбата+ што му ја приредив“.  А царот рече: „Викнете го Аман веднаш+ да го направи она што го кажа Естира!“ Така царот и Аман дојдоа на гозбата што ја приреди Естира.  И додека на гозбата се пиеше вино, царот ѝ рече на Естира: „Каква молба имаш?+ Ќе ти биде исполнета! И што бараш? Ако е тоа и половина од царството, ќе ти биде дадено!“  Естира му одговори: „Ова е мојата молба и ова го барам:  ако сум нашла милост во очите на царот+ и ако му е по волја на царот да ја услиши мојата молба и да го направи она што го барам, тој и Аман нека дојдат на гозбата што ќе ја приредам за нив утре, и утре ќе постапам според царскиот збор“.+  Тој ден Аман излезе радосен+ и со весело срце, но штом при царската порта+ го виде Мардохеј, кој не стана+ и не се тресеше пред него,+ Аман веднаш се исполни со гнев+ кон Мардохеј. 10  Сепак, Аман се воздржа и си отиде дома. Тогаш испрати по своите пријатели и по својата жена Сереса,+ 11  па им раскажуваше за славата на своето богатство,+ за мноштвото свои синови,+ за сето она со кое царот го возвиши и за тоа како го воздигна над сите кнезови и слуги на царот.+ 12  Потоа Аман продолжи: „Освен тоа, на гозбата што ја приреди, царицата Естира не повика со царот никој друг освен мене,+ а и утре+ сум поканет со царот кај неа. 13  Но, ништо од сето тоа не може да ме задоволи додека го гледам Евреинот Мардохеј како седи при царската порта“. 14  Тогаш Сереса, неговата жена, и сите негови пријатели му рекоа: „Нека направат столб+ висок педесет лакти,* па утре изутрина+ кажи му на царот да го обесат Мардохеј на него.+ Потоа оди весело со царот на гозбата“. Тој предлог му се виде добар+ на Аман, и тој нареди да се направи столбот.+

Фусноти

Околу 22 метри. Види го додатокот 13.