Ефешаните 4:1-32

4  Затоа јас, затвореник+ поради Господарот, сесрдно ве молам да водите живот достоен*+ на позивот со кој сте повикани,+  со сета понизност+ и благост, со долготрпеливост,+ поднесувајќи се еден со друг со љубов,+  вистински трудејќи се да го одржите единството на духот, во мирот кој ве поврзува.*+  Едно е телото+ и еден е духот+ — како што е и една надежта+ на која сте повикани —  еден Господар,*+ една вера,+ едно крштавање,+  еден Бог+ и Татко на сите, кој е над сите и во сите и дејствува преку сите.  А секому од нас му е покажана незаслужена доброта,+ толку колку што Христос му подарил.+  Затоа е речено: „Кога се вознесе во висините, одведе заробеници, даде луѓе како дарови“.+  А тоа што вели „се вознесе“,+ што друго значи освен дека најпрво слегол во долните краеви, на земјата?+ 10  Оној што слегол е истиот оној што и се вознел+ далеку над сите небеса,+ за да исполни сѐ.+ 11  И даде некои да бидат апостоли,+ некои да бидат пророци,+ некои да бидат проповедници+ на добрата вест,* некои да бидат пастири и учители,+ 12  со цел да се насочуваат+ светите, за да служат и да го изградуваат Христовото тело,+ 13  додека сите ние не постигнеме единство во верата и во доброто познавање* на Синот Божји, додека не станеме возрасни+ луѓе, додека не пораснеме до Христовата полнота,+ 14  за повеќе да не бидеме мали деца кои се како фрлани од бранови+ и како да ги носи ваму-таму секој ветар на учењето,+ бидејќи ги слушаат луѓето кои се служат со измама+ и кои лукаво ги доведуваат во заблуда. 15  Туку, зборувајќи ја вистината,+ во сѐ со љубов да пораснеме+ до зрелост за да бидеме како него, кој е глава,+ а тоа е Христос. 16  Од него целото тело+ — на кое сите делови му се складно составени и сложно работат, бидејќи секој зглоб што ги поврзува си ја исполнува својата цел за да може секој поединечен дел соодветно да дејствува — придонесува за својот раст, за да се изградува самото себе во љубов.+ 17  Затоа, ова го велам и ве опоменувам во Господарот: немојте повеќе да живеете како што живеат* незнабошците+ во своето празно размислување,+ 18  со замрачен ум+ и отуѓени+ од животот што го дава Бог, поради незнаењето+ што е во нив, поради бесчувствителноста на нивното срце.+ 19  Откако изгубиле секакво чувство за тоа што е чесно,*+ се предале на бесрамни дела+ за лакомо+ да вршат секаква нечистотија.+ 20  Но тоа не е во склад со она што го научивте за Христос,+ 21  доколку навистина сте го чуле и сте биле поучени од него+ — според вистината+ за која поучуваше Исус — 22  дека треба да ја соблечете старата личност,+ обликувана според вашиот поранешен начин на живот, која ја расипуваат+ нејзините измамливи желби,+ 23  а да се обновувате во силата што го задвижува вашиот ум+ 24  и да ја облечете+ новата личност,+ која е создадена+ по Божја волја во вистинска праведност+ и верност. 25  Затоа, сега кога сте ја отфрлиле лагата,+ зборувајте ја вистината секој на својот ближен,+ бидејќи сме делови на телото кои си припаѓаат едни на други.+ 26  Ако се гневите, немојте да грешите.+ Сонцето да не зајде, а вие сѐ уште да чувствувате лутина.+ 27  И не давајте му можност на Ѓаволот да дејствува.+ 28  Кој крадел, повеќе да не краде,+ туку да работи марливо, правејќи добро со своите раце,+ за да има да му даде нешто на оној што е во немаштија.+ 29  Никаков лош збор да не излегува од вашата уста,+ туку само оној што е добар, за да ги изградува другите според потребата и да им биде од корист на оние што го слушаат.+ 30  И не жалостете го Божјиот свет дух,+ со кој сте запечатени+ за денот кога ќе ве ослободи откупнината.+ 31  Нека се отстрани од вас сета злобна горчина+ и лутина и гнев и викање и навредлив говор+ заедно со сета злоба.+ 32  А бидете милостиви+ еден спрема друг, имајте сомилост,+ спремно простувајќи си еден на друг како што и Бог преку Христос спремно ви прости вам.+

Фусноти

Буквално: „да одите достојно“.
Или: „единството на духот, со врската на мирот“.
Види го додатокот 11.
Или: „некои да бидат мисионери“.
„Доброто познавање“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Буквално: „одите како што одат“.
Или: „морално“.