Ефешаните 5:1-33
5 Затоа, угледајте се на* Бог,+ како негови љубени деца,
2 и живејте* во љубов,+ како што и Христос ве сакаше вас+ и се предаде себеси за вас како принос+ и жртва за пријатен мирис на Бог.+
3 Блуд+ и секаква нечистотија или лакомост+ дури да не се спомнуваат меѓу вас,+ како што им прилега на свети луѓе,+
4 а исто и срамотно однесување,+ и безумен говор, и безобразни+ шеги, што е непристојно. Наместо тоа, упатувајте му благодарења на Бог.+
5 Зашто, ова го знаете и добро разбирате дека ниту еден блудник+ или нечист или лакомец+ — што значи дека е идолопоклоник — нема наследство во царството на Христос и на Бог.+
6 Никој да не ве мами со празни зборови,+ зашто поради сето тоа Божјиот гнев доаѓа врз непослушните синови.+
7 Затоа немојте да имате ништо со нив.+
8 Зашто, некогаш бевте темнина,+ а сега сте светлина+ во единство со Господарот.* Живејте* како деца на светлината,
9 зашто плодот на светлината се состои од секаква доброта и праведност и вистина.+
10 Испитувајте што е прифатливо+ за Господарот.
11 И повеќе не учествувајте со нив+ во бесплодните дела на темнината,+ туку напротив, осудувајте ги+ таквите дела.
12 Зашто, за она што тие го прават во тајност е срамотно дури и да се зборува.+
13 А сите дела што заслужуваат осуда+ се разоткриени преку светлината, зашто сѐ што е разоткриено+ е светлина.
14 Затоа е речено: „Разбуди се,+ ти што спиеш, и стани од мртвите,+ и Христос ќе те осветли“.+
15 Затоа добро внимавајте како живеете*+ — не како немудри, туку како мудри.
16 Откупувајте си време,*+ зашто деновите се зли.+
17 Затоа, повеќе не бидете неразумни, туку трудете се да разберете+ што е Јеховината волја.+
18 И не опивајте се+ со вино, во кое има разузданост,+ туку исполнувајте се со дух.+
19 Разговарајте меѓу себе со псалми,+ со фалбени песни+ на Бог и со духовни песни. Пејте+ и со песна фалете го Јехова+ во своите срца.
20 Секогаш благодарете му на нашиот Бог и Татко во името на нашиот Господар Исус Христос.+
21 Бидете подложни еден на друг+ во страв од Христос.
22 Жените нека им бидат подложни на своите мажи+ како на Господарот,
23 зашто мажот е глава на жената+ како што е и Христос глава на собранието+ — тој, спасителот на тоа тело.
24 И како што собранието му е подложно на Христос, така и жените нека им бидат подложни на своите мажи во сѐ.+
25 Мажи, сакајте ги своите жени,+ како што и Христос го сакаше собранието и се предаде себеси за него,+
26 за да го посвети,+ чистејќи го со капење во вода, во речта Божја,+
27 за да го доведе пред себе собранието во неговиот сјај,+ без дамка или брчка или нешто слично — свето и неизвалкано.+
28 Така и мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела. Кој ја сака својата жена, се сака самиот себе.
29 Зашто, никој не го мрази своето тело, туку го храни и го негува,+ како и Христос собранието.
30 Зашто, ние сме делови на неговото тело.+
31 „Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена и тие двајцата ќе станат едно тело.“+
32 Таа света тајна+ е голема. А јас зборувам за Христос и за собранието.+
33 Значи, така и секој од вас да ја сака својата жена+ како самиот себе, а жената длабоко да го почитува+ својот маж.
Фусноти
^ Или: „имитирајте го“.
^ Буквално: „одете“.
^ Види го додатокот 11.
^ Буквално: „Одете“.
^ Буквално: „одите“.
^ Или: „Добро користете го времето што го имате (секоја можност што ќе ви се укаже)“.