Изреки 1:1-33

1  Мудри изреки+ на Соломон,+ синот на Давид,+ царот на Израел,+  изречени за да може човекот да стекне мудрост+ и да прими поука,*+ да ги разбере разборитите*+ зборови,  за да прими поука*+ што дава разборитост,*+ праведност,+ исправно расудување+ и справедливост,+  за да им даде на неискусните остроумност,+ а на младиот човек знаење+ и способност за расудување.+  Мудриот ќе слуша и повеќе ќе научи,+ и разумниот* ќе прифати мудри упатства+  за да ги разбере мудрите изреки и загадочните изјави,+ зборовите на мудрите луѓе+ и нивните загатки.+  Стравот од Јехова е првото нешто кое е потребно за да се стекне знаење.*+ Само глупавите ги презираат мудроста и поуката.*+  Слушај ја, сине мој, поуката* на татко ти+ и не оставај ги упатствата* на мајка ти.+  Зашто, тие се како прекрасен венец на твојата глава+ и како убав ѓердан на твојот врат.+ 10  Сине мој, ако грешниците се обидат да те заведат, не согласувај се.+ 11  Ако велат: „Дојди со нас! Ајде да демнеме крв.+ Ајде без причина да чекаме во заседа невини луѓе.+ 12  Живи да ги голтнеме,+ како што голта гробот,*+ цели, како што се оние што заминуваат во јама.+ 13  Да побараме секакви драгоцености.+ Да си ги наполниме куќите со плен.+ 14  Својата ждрепка ќе ја фрлаш со нас. Сите заедно ќе имаме едно ќесе“+ 15  ако ти зборуваат така, сине мој, не оди по нивниот пат!+ Држи си ја ногата подалеку од нивната патека!+ 16  Зашто, нивните нозе трчаат кон злото+ и брзаат за да пролеваат крв.+ 17  Зашто, залудно е да се распне мрежа пред очите на сите птици.+ 18  Затоа тие ја демнат нивната крв,+ ги чекаат во заседа нивните души.+ 19  Такви се патиштата на сите што стекнуваат неправедна добивка+ — таа им ја зема душата на своите сопственици.+ 20  Вистинската мудрост+ гласно вика на улица.+ Го пушта својот глас на плоштадите.+ 21  На аглите од бучните улици повикува.+ На влезовите, кај градските порти, ги кажува своите зборови:+ 22  „До кога, вие глупави, ќе ја сакате глупавоста?*+ До кога, вие потсмевачи, ќе уживате во потсмевањето?+ До кога, вие безумници, ќе го мразите знаењето?+ 23  Прифатете го мојот укор.+ Тогаш ќе го излеам својот дух врз вас,+ ќе ви ги соопштам своите зборови.+ 24  Јас ве повикувам, но вие одбивате,+ ја подавам раката, но никој не обрнува внимание,+ 25  и не ви е грижа за ниту еден мој совет+ и не го прифаќате мојот укор.+ 26  Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст,+ ќе се потсмевам кога ќе дојде она од кое се плашите,+ 27  кога она од кое се плашите ќе навали како бура и кога вашата пропаст ќе стигне како ветар во невреме,+ кога ќе ве снајде неволја и ќе дојдат тешки времиња за вас.+ 28  Тогаш ќе ме викаат, но јас нема да се одгласам;+ ќе ме бараат, но нема да ме најдат,+ 29  зашто го мразеа знаењето+ и не го избраа стравот од Јехова.+ 30  Не го послушаа мојот совет,+ ги презреа сите мои укори.+ 31  Затоа ќе ги јадат плодовите од својот пат+ и ќе се наситат со своите замисли.+ 32  Зашто, глупавите* ќе ги убие+ нивното одметништво+ и безумните ќе ги упропасти нивната немарност.+ 33  А кој ме слуша мене, ќе биде спокоен+ и ќе живее мирно, и нема да се плаши од зло“.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 3:5.
Изворниот збор има различни значења и може, зависно од контекстот, да се преведе со поимите: „поука, упатство, исправање, опомена, укор, казна, стега, самосовладување“. Види ја и фуснотата за Ев 12:5.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Изворниот збор има различни значења и може, во зависност од контекстот, да се преведе со поимите: „способност за забележување, за разбирање; увид, разум, разборитост, мудрост, остроумност, знаење, спознание, проникливост“.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „Стравот од Јехова е почеток на знаењето“.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Буквално: „законот“.
Буквално: „шеолот“.
Или: „неискусни, ќе го сакате неискуството“.
Или: „неискусните“.